10 древни средства за намалување на болката - Part 2

10 древни средства за намалување на болката

6. Eтилен

10 древни средства за намалување на болката

Кај пророчиштето од Делфи, свештеничката на Аполо кажувала пророштва откако вдишувала некои гасови. Голема е веројатноста овие гасови да содржеле етилен, анестетик кој се внесува преку вдишување.

Во 1930-та година етиленот бил претставен како „новиот“ анестетик. Го заменил хлороформот кој често резултирал со гадење и повраќање по операција. Според хирург кој користел етилен во 800 операции, супстанцата ги заспивала пациентите за 3 до 8 минути без никаква возбуда или чувство на гушење. Пациентот се будел веднаш откако му била отстранета маската со анестезија.

Употребата на етилен имала и други придобивки. Бидејќи тој бил помалку отровен за нервниот систем и крвните клетки, помала била веројатноста да предизвика главоболка. Не ги иритирал дробовите на пациентот и не предизвикувал крвавење по операцијата. Но и овој анестетик имал свој недостатоци. Како прво, имал лош мирис, но уште полошо е што е навистина експлозивен.

7. Канабис

10 древни средства за намалување на болката

Уште во 2900-та година п.н.е. кинескиот император Фу сфатил дека канабисот ја намалува болката. Од Кина, употребата на канабисот за намалување болка се проширила низ целиот свет. Околу 1000-та година п.н.е. Индијците го мешале канабисот со млеко и правеле лек против болка. До 200-та година од нашата ера, Хуа То, кинески доктор, направил анестетик мешајќи канабис со смола и вино и операциите што ги изведувал биле речиси безболни. До 800-та година, арапските лекари го користеле канабисот против мигрена.

8. Лисичина опашка

10 древни средства за намалување на болката

Во древна Кина, корењата на растението биле варени со оцет и се користеле против главоболка и болки во грбот. Ова растение во главно расте во централна источна Кина. Според модерните научници, ова е ефективен анестетик бидејќи содржи природна состојка што ја намалува болката. Древните кинески доктори верувале дека растението ја намалува болката бидејќи го подобрува текот на животната сила чи.

Неодамнешните истражувања покажале дека состојката во растението се однесува слично како морфиумот, само што за разлика од него не предизвикува зависност.

9. Компресија на каротидна артерија

10 древни средства за намалување на болката

Еден од најчестите начини за намалување на болката било онесвестување на пациентот. Древните лекари понекогаш ја притискале каротидната артерија на пациентите притоа привремено прекинувајќи го дотокот на крв до мозокот. И Аристотел пишувал за ефикасноста на овој метод:

„Ако овие вени се притиснат однадвор, луѓето, иако не се задавени, ја губат свеста и паѓаат на земјата.“

На јужната страна од Партенон во Атина е прикажан кентаур кој ја притиска левата каротидна артерија на еден воин. Ова покажува дека и древните Грци биле свесни за оваа техника.

10. Кора од врба

10 древни средства за намалување на болката

Со векови кората од врбата се користела како антивоспалителен лек за намалување на болката. Папирусот Еберс, колекција од медицински текстови кои датираат од околу 1500-та година п.н.е. ја опишуваат употребата на врбата како анестетик. Древните Кинези и древните Грци исто така ја употребувале врбата за оваа намена.

Модерните истражувања покажуваат дека кората од врба е ефективна против болката бидејќи содржи салицин, хемикалија слична на аспиринот. Поради ефективноста, овој лек стар со векови се користи и денес за главоболка и болки во грбот.

Дали знаете кои се најсилните природни антибиотици?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар