10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдно
6. „Џиновски чекори“
И покрај тоа што воопшто не е безбедна, оваа игра била многу популарна во Америка и во Русија. Играта се состоела од столб на чиј врв имало подвижен прстен на кој биле врзани неколку јажиња. Играчите се фаќале за јажињата и се вртеле околу столбот. Понекогаш тој бил толку висок што децата правеле навистина „џиновски“ чекори, а ако некој паднел големи биле шансите за повреда.
7. Шоуа со чудаци
Шоуата со чудаци биле попопуларни и од денешните телевизиски шоуа бидејќи претходните генерации сакале да ги набљудуваат луѓето со физички деформитети и, за жал, да се шегуваат со нив. Но „чудаците“ можеле да заработат многу пари во секој крај од светот. На пример, Џулија Пастрана од Мексико била многу позната пејачка и изведувачка во 19-тиот век.
8. Изложба на предвреме родени бебиња
Овие чудни изложби не им биле чудни на родителите бидејќи им помагале да го спасат животот на детето. Нивната цел била да се привлече големо внимание бидејќи во тоа време болниците не биле опремени со инкубатори, а не сакале ни да ги купат. Родителите го правеле ова за да ја разбудат свеста за неопходноста на апаратите. Луѓето ги посетувале бебињата во стаклените кутии, а парите кои се собирале се користеле за купување на потребната опрема. Како резултат на ова биле спасени илјадници животи.
9. Шоу со „безглави девојки“
Овие шоуа со „живи безглави девојки“ се појавиле во Америка и Европа во доцните 1930-ти. Овие жени биле познати како Олга, Тина и мадмоазел Ивет. „Докторите“ се обидувале да ја убедат публиката дека жените ги изгубиле нивните глави во некаква несреќа, но сè уште можеле да се движат благодарение на необјаснива технологија. Очигледно, овие девојки имале глави кои биле прикриени со оптички илузии.
10. Пикање во телефонски говорници
Во 1950-тите низ целиот свет се појавил навистина необичен тренд – младите се обидувале да се пикнат во телефонски говорници сè додека немало место. Го правеле истото и со автомобили, на пример со малата Буба на Фолксваген.
Дали се сеќавате на овие детски игри од маалските улици?