10 чудни суштества кои навистина живеат на оваа планета
Ако сте биле во зоолошка градина тоа не значи дека ги знаете сите видови животни кои постојат на овој свет. Ви претставуваме десет за кои веројатно никогаш порано не сте слушнале.
Мравка-панда
Ова всушност е вид оса без крила. Женката личи на мравка, а поради боите се нарекува мравка-панда. Живее во Чиле.
Јастреб-молец колибри
Ова е молец кој изгледа како да е мешавина од јастреб, молец и колибри. Се храни од цвеќињата, лесно лебди во воздухот, па затоа луѓето честопати го мешаат со колибри. Може да се сретне во поголемиот дел на Азија.
Паку
Рибата Паку живее во морињата околу Папуа Нова Гвинеја. Помеѓу локалните рибари е позната како „џелат за тестиси“, поради што секогаш внимаваат на неа додека рибарат.
Окапи
Окапи е цицач кој живее само во Конго. Неговиот изглед потсетува на зебра, но по своите карактеристики тој е најблизок до жирафата.
Боцкаст ѓавол
Боцкастиот ѓавол е мал гуштер, долг околу 10 см, кој може да се сретне исклучиво во Австралија. За него е интересно тоа што на вратот носи „лажна глава“ која ја користи за да го излаже предаторот во случај на напад и да ја заштити својата вистинска глава.
Штрк-чевлар
Штркот-чевлар својот назив го носи поради изгледот на клунот и на телото, а му е даден од старите Арапи. Тоа е многу ретка птица. Живее само во некои делови од Централна Африка.
Ајкула-гоблин
Иако изгледа пострашно од кој било друг вид ајкула, таа не е опасност за луѓето затоа што живее на длабочини поголеми од 100 метри.
Син морски полжав
Ова ситно животинче е познато како син змеј или син ангел. Се среќава во топлите океански води. Може да касне човек, а тоа е болно искуство.
Венецуелски молец-пудлица
Овој вид не е многу истражуван откако е откриен во Венецуела во 2009 година. За него е сигурно само дека е молец и дека неговиот изглед потсетува на пудлица, па оттаму и неговото име.
Морски скакулец
И ова суштество кое личи на посетител од друга планета сепак живее на нашата, и тоа е еден од најопасните предатори во водите во суптропските краишта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.