10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува - Part 2

10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

6. Лушпи од јајца на вратот

10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

Во некои руски села, бремените жени носеле празна лушпа од јајце на нивните вратови. Се верувало дека сè додека е безбедно јајцето, безбедно е и детето.

7. Мајката треба да јаде зачинета храна или детето нема да има коса

10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

Луѓето во Тајланд и во некои држави во Југоисточна Азија веруваат во ова. Некои сметаат дека зачинетата храна пак е лоша за видот на детето. Навистина, зачинетата храна не е најдобриот избор за бремената жена, но од други причини. Најпрво, оваа храна предизвикува глад, што може да води до дебелеење. Сепак, некои зачини се од корист. Лукот на пример е корисен, но ако се консумира во големи количини може да предизвика контракции и инфекција на уринарниот тракт. Покрај тоа, зачинетата храна ве прави жедни, а ова предизвикува отоци.

8. Мајката нема да се породи сè додека не ја пушти косата

10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

Многу луѓе веруваат дека пуштањето на косата помага при отворање на грлото на матката. Јогините имаат друго објаснување – матката е енергетски поврзана со устата и усните. Ако косата е собрана во опавче, лицето е затегнато, а потребно е жената да биде целосно опуштена за да се отвори.

9. Мајката треба да јаде сè што сака

10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

Во минатото луѓето верувале дека бремените жени треба да јадат што ѝ да посакаат. Ова суеверие постои и денес. Во Гана се верува дека ако мајката не јаде што сака, бебето ќе има искривен врат. Во Италија, Турција, Грција и Египет, луѓето мислат дека на бебето ќе му остане белег на телото. Во Ерменија пак веруваат дека бебето ќе стане алчно.

10. Може да се предвиди полот според начинот на којшто клоца бебето

10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

Ова е навистина популарно суеверие. Многу луѓе веруваат дека ако бебето клоца на левата страна, тоа е машко. Во спротивно бебето е женско. За жал ова нема никаква врска со реалноста. Единствениот начин да се одреди полот е посета на лекар.

Прочитајте ги и овие луди митови за бременоста во кои треба да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар