10 чудни нешта што се случуваат во женското тело
6. ПМС симптомите се појавуваат и исчезнуваат со возраста
Жените почесто се соочуваат со ПМС симптоми во раните тинејџерски години и после 40-тата. Причината е што во овие периоди искусуваат најмногу хормонални промени. Симптомите можат да вклучуваат и главоболки, промена на кожата и болка во зглобовите и мускулите.
7. Жените се биолошки „програмирани“ да ги забележуваат алфа жените
Биолошки, жените подобро се справуваат и го одржуваат мирот во група за разлика од мажите. Алфа жената е како диригент на социјалното однесување и го задржува мирот. Па како жените ги забележуваат алфа жените кога нема борба за моќта? Во група жени, нивните стапала најчесто се насочени кон алфа жените. Тие лесно ги прифаќаат нивните карактеристики, па дури и се смеат исто толку често колку и нив.
8. Градите се различни кај секоја жена
Многу мал број жени во светот имаат гради со иста големина и најчесто едната е поголема од другата. Ниту еден дел од човечкото тело не е совршено симетричен.
9. Секоја возбуда е иста за женскиот мозок
Кај женскиот мозок се активира истиот дел, без разлика дали возбудата е поради партнерот или поради храна. Ова е најзабележливо кога жената има желба за храна во текот на бременоста.
10. Средствата за контрацепција влијаат на физичката привлечност
Докажано е дека мажите обично ги привлекуваат плодни жени, дури и ако целта не им е да имаат дете. Мажите го забележуваат ова преку мирисот и други биолошки фактори. Апчињата за контрацепција ја намалуваат привлечноста на жената бидејќи додаваат „машки“ хормони и ја елиминираат способноста таа да остане бремена.
Прочитајте ги и овие интересни факти за умот и телото на мажите.