10 чудни митови кои се покажале како вистинити - Part 2

10 чудни митови кои се покажале како вистинити

6. „Боемската шума“ навистина постои

(6)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Ова е место каде што светската елита оди на одмор уште од 19-тиот век. Политичари, музичари, уметници и екстремно богати индивидуи, се собираат во Боемската шума каде што се забавуваат и изведуваат мистични/религиозни обреди. На почетокот на 2000 година, тајна снимка го докажала она што „Боемскиот клуб“ не сакал да го потврди – мистериозното место за состаноци е реално и создава нови интереси за митовите кои кружат околу него.

7. Овошниот сок е штетен за децата

(7)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Лимонската киселина е честа состојка во овошните сокови, а таа го уништува емајлот. Резултатот се пукнатини и кариес на забите. Овошните сокови содржат и големи количини шеќери кои можат да предизвикаат алергии и проблеми со дигестивниот систем. Најдобро е неговото консумирање да се ограничи на една чаша дневно, а за гаснење на жедта пијте вода.

8. Постои микрокуршум кој може да предизвика срцев удар

(8)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Ние мислиме дека оружјата од овој вид постојат само во филмовите со Џејмс Бонд. Но, пиштолите кои испукуваат микрокуршуми навистина постојат. Тие оставаат само мал црвен белег на кожата, но отровот кој се наоѓа во нив брзо се раширува низ телото и предизвикува срцев удар. Овој неверојатен изум повеќе не е во употреба.

9. Тајните служби го шпионирале Ернест Хемингвеј

(9)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Хемингвеј бил сигурен дека е следен од ФБИ, но неговите блиски мислеле дека е параноичен. Децении подоцна, од ФБИ откриле некои од нивните архиви кои покажале дека познатиот писател навистина бил следен. Причината за ова била неговата поврзаност со Куба. Многу луѓе сметаат дека ова е и причината за неговото убиство.

10. Високата цена на дијамантите е вештачка

(10)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Дијамантите всушност и не се толку ретки. Но, само една компанија ја контролира нивната залиха, па затоа нивната цена е висока. Тие ги рекламираат како екстремно скапи скапоцени камења за чија автентичност мора да платите висока цена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар