10 чудни, нејасни и морбидни тајни друштва
6. Шкотски добиток
Поради лошите работни услови, во 1820-тите рударите од Велс го создале тајното друштво Шкотскиот добиток именувано по застрашувачкиот вид крави. Секој рударски град во регионот имал свој оддел кој имал водич наречен „Бик“. Заедно, членовите ги напаѓале оние кои им се спротивставувале. Друштвото прво испраќало предупредувачко писмо. Ако било игнорирано, тие ги затемнувале нивните лица, се облекувале со кожа од крава и го окупирале домот на метата на полноќ. Го уништувале имотот, понекогаш ја тепале и метата и секогаш цртале црвена глава на бик на влезната врата. Шкотскиот добиток продолжил со операциите до 1840-тите кога биле заменети со поорганизирани друштва.
7. Редот на ангелот паун
Ова тајно друштво прв пат било формирано во Британија во 1960-тите и било засновано на древните верувања на Језидите – група што била обвинувана за обожување на ѓаволот од страна на христијаните и муслиманите. Групата го обожувала Мелек Таус, ангелот паун, кој бил претставен или на камена статуа или на вистинска птица. Членовите верувале дека ангелот има моќ да им одговори на молитвите. Собата за состанување имала слики од ангелот паун, а олтарот бил сместен во средината.
8. Друштвото леопард
Иако неговите почетоци се во Источна Африка, ова крволочно друштво најмногу се прославило во државите во Западна Африка. Членовите на култот имале ритуали со човечки жртви и канибализам. Се облекувале во кожа од леопард и се вооружувале со метални канџи и заби со кои ја убивале жртвата. Потоа ја собирале нејзината крв и правеле напивка за која мислеле дека ќе им даде натприродни моќи. По неколку убиства по Првата светска војна, властите во Сиера Леоне и Нигерија мислеле дека успешно го искорениле култот. Но, друштвото повторно се појавило по Втората светска војна и убило 40 луѓе. Луѓето се плашеле да дават информации од страв. Дури во 1948-ма година кога властите успеале да убијат еден член, почнале да се појавуваат сведоци. Ова им помогнало да го откријат скривалиштето на култот, да затворат 34 членови и да убијат 39. За да им докажат на локалните жители дека и членовите на ова друштво се луѓе, тие им дозволиле на неколку локални поглавари да присуствуваат на погубувањето.
9. Ќелавите идиоти
Оваа група се појавила како резултат на криминалот и безредието кои се одвивале во југозападен Мисури по Студената војна. Водени од основачот, ветеранот Нет Кинеј, членовите ја земале правдата во нивни раце. Тие ги носеле палтата наопаку и носеле чудни маски со рогови. Тие ги тепале, па дури и ги убивале луѓето за кои се сомневале дека се криминалци. Со текот на времето, некои членови почнале да го користат членството за да ги заштитат нивните криминални активности. Групата станала позната во 1887-ма година кога убиле двајца критичари и ги повредиле нивните семејства. Властите уапсиле 20 членови и убиле четворица. Една година подоцна бил убиен Кинеј. Групата го дочекала својот крај во 1889-та година.
10. Црвената секта
Црвената секта била тајно друштво кое имало ритуали со канибализам и кое ограбувало гробови. Ова се податоци од Нил Хурстон, авторка која била во Хаити во 1930-тите. Иако немала лично искуство со друштвото, имала три индиректни средби со нив.
Првиот пат бил во 1936-та година кога таа слушнала чукање на тапани. Сакала да истражи, но нејзината чистачка ја советувала да остане дома за да не ги разгневи членовите. Вториот пат прашала еден човек зошто горел гуми во близина на нејзината куќа. Мажот ѝ кажал дека со чадот ги бркал членовите од култот кои би можеле да го киднапираат неговото дете. Последниот пат забележала полицајци на тајна операција кои требало да уништат тајна група на некој дел од островот. Сето ова, заедно со некои изјави од локалните жители, ни дава некаков приказ за ужасниот култ кој се сретнувал навечер на гробишта и кој жртвувал луѓе.
Прочитајте нешто повеќе за најмистериозните тајни друштва во светот.