10 чудни и мистериозни факти за боите
6. Ефектот Трокслер
Игназ Трокслер бил шведски доктор. Иако неговото име не е познато, сепак зад него го оставил ефектот Трокслер. Тој бил фасциниран од боите и предметите кои исчезнувале додека сè уште му биле во видно поле, па пишувал за нив во 1804-та година.
Ефектот можете да го забележите гледајќи во пастелни бои, како на сликата. Постојаното гледање ќе направи боите да исчезнат, а штом ќе ви се врати вниманието, се враќаат и боите. Трокслер сметал дека периферниот вид ги брише непроменливите детали, но научниците имаат друго мислење.
Овој ефект ни се случува секојдневно, и без него многумина би полуделе. Соочени сме со премногу стимули, па мозокот го отстранува она што смета дека е неважно. Поради ова повеќето луѓе забораваат каква облека носат, или не се свесни дека носот им е во видното поле.
7. Боите на диносаурусите постојат и денес
Многу модерни видови птици несат јајца со навистина убави лушпи. Неодамна научниците откриле дека пигментите одговорни за ова се наоѓале и во вид диносауруси кои наликувале на птици. Ова го побило верувањето дека боите на лушпата од јајце се релативно нови. Најверојатно оваа шарена камуфлажа се развила кога некои диносауруси ги напуштиле подземните гнезда и ги положувале нивните јајца на земјата.
8. Луѓето менуваат бои
Во 2018-та, едно истражување покажало дека изразите како „позеленет од завист“ се засновани на вистина. Во зависност од емоциите, лицето на човекот навистина менува бои. Оваа особина е поврзана со дотокот на крв и може да биде многу суптилна. Најчесто нијансите се толку светли, што луѓето ги перципираат само потсвесно и така се свесни за туѓите емоции.
Деловите на кои најмногу се забележува промената се околу веѓите, образите, брадата и носот. Со помош на компјутерска програма, научниците за прв пат го откриле виножитото на нашите лица. Среќата се карактеризира со црвена нијанса на образите и сина нијанса на брадата. Изненадувањето се покажувало слично како и среќата со црвенило на челото, но послаба сина нијанса на брадата.
9. Проблемот Хедвигер-Нелсон
Постои интересен математички проблем познат како Хедвигер-Нелсон. Проблемот е претставен во 1950-та и не е решен до денес. Звучи навистина едноставно: На бескрајна рамнина има обоени точки поврзани со линии. Кој е најмалиот број на бои коишто се потребни за да се спречи допирањето на истите нијанси?
Брзо по појавата на проблемот, математичарите откриле дека на бескрајната рамнина би ѝ требале 4 до 7 нијанси, но потоа заглавиле. Никој не можел да го намали бројот. Оваа година математичарот аматер Обри де Греј докажал дека се потребни најмалку 5, а не 4 бои. Користејќи го неговиот доказ, математичарите успеале да поврзат 862 точки без да се допрат петте бои.
10. Луѓе кои слушаат бои
Околу 4% од населението може да слуша бои, а оваа состојба е позната како синестезија. Скенирањата покажале дека кај луѓето кои го искусуваат овој феномен, истовремено се активираат деловите од мозокот за вид и слух. Научниците знаат неколку работи за оваа мистериозна способност. Звук или збор може автоматски да предизвика појавување на боја во умот на личноста со оваа способност. Синестезијата се појавува кај луѓе чии мозоци имаат повеќе врски помеѓу нивните сетила од обично. Истражување од 2018-та година покажало дека често феноменот е наследен, а биле изолирани 38 варијанти на гени кои можеби се одговорни за ова.
Знаевте ли дека бојата на собата може да влијае на вашиот сон?