10 борби на Анонимните во корист на човештвото - Part 2

10 борби на Анонимните во корист на човештвото

6. Војна против Зимбабве и замолчувањето на медиумите

(6)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Откако Wikileaks ја поврза првата дама на Зимбабве со незаконска продажба на дијаманти, еден весник од Зимбабве ја објави приказната. Првата дама веднаш покрена тужба против весникот. Ова ги натера Анонимните да делуваат и да ја одбранат слободата на говор. Тие хакираа неколку владини веб-сајтови и изјавија дека не толерираат цензура на медиумите.

7. Поддршка на арапската пролет

(7)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

За време на туниската револуција, владата се фокусирала на Интернетот. Тие почнале да модифицираат веб-сајтови и да бришат профили на социјалните мрежи. Како ова да не било доволно, тие почнале да ги користат информациите од профилите со цел да ги лоцираат и уапсат граѓаните. Анонимните ги презеле нештата во своите раце и ги хакирале веб-сајтовите на претседателот и премиерот. Тие поставиле видеа на кои им објаснувале на граѓаните како да ја отстранат цензурата од владата.

Анонимните исто така ја започнале и операцијата „Египет“ како одговор на Интернет цензурата во државата. Тие испратиле илјадници факсови во Египет за да ги информираат граѓаните за дејствијата на нивната влада.

8. Анонимните против Лос Зетас

(8)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Лос Зетас е мексиканска криминална група која ги плаши сите со нејзините софистицирани операции и насилни злосторства. На 6-ти октомври, 2011 година, Анонимните објавија видео во кое кажаа дека Лос Зетас киднапирале нивни член. Тие се заканија дека ќе ги објават сите информации кои ги имаат за нив доколку не го ослободат заложникот. Овој инцидент покажа колку всушност криминалните организации се плашат од Анонимните. Веднаш по заканата, Анонимните го нападнале веб-сајтот на Густаво Росарио Торес, за кој се сметало дека е поврзан со криминалната организација. Потоа тие изјавиле дека до ноември 2011 година ќе разоткријат уште многу членови на групата. Лос Зетас сериозно си ја сфатиле заканата и го ослободиле заложникот. Нападите на Анонимните престанале, веројатно бидејќи и Лос Зетас си најмиле експерти кои почнале да ги бараат членовите на групата.

9. Напад на Северна Кореја

(9)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Северна Кореја е држава чија главна цел е да го поседува најголемиот арсенал на нуклеарно оружје. Оваа нација нема забележителни економски амбиции. Власта преферира да ги поробува своите граѓани преку океанот, а за возврат да добива сателитска технологија со сомнителен квалитет. Кога Анонимните одлучија да ја нападнат државата, беа пречекани со овации. Еден од сајбер нападите беше мотивиран од лансирање на сателит од Северна Кореја во 2016-та година. Анонимните исклучиле 3 веб-сајтови неколку часа пред лансирањето, и уште многу во наредните неколку денови. Целта била да се отежни комуникацијата со сателитот и со тоа да се одложи лансирањето.

10. Војна против ИСИС

(10)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

По нападите во Париз, за кои одговорност преземаа ИСИС, Анонимните објавија војна против оваа терористичка организација. Тие успешно избришале повеќе од 2.000 профили од социјалните мрежи на членови на организацијата. До денес имаат избришано повеќе од 10.000 вакви профили. Нападот во Брисел бил повод за уште едно објавување војна. Анонимните почнале да бараат низ „темниот“ Интернет, и успешно избришале и неколку веб-сајтови на ИСИС. По нападот во Ница, Анонимните изјавија дека ќе продолжат со борбата против тероризмот. Од првото објавување на војната, Анонимните значително им ја отежнаа онлајн комуникацијата и делувањето на членовите на ИСИС.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар