10 бизарни теории на заговор за познатите личности - Part 2

10 бизарни теории на заговор за познатите личности

6. Лејди Гага е убиец

10 бизарни теории на заговор за познатите личности

Лејди Гага е позната по многу нешта – нејзиниот вокал, нејзината ексцентричност, а од неодамна и нејзините актерски способности. Но, изгледа дека таа е и убиец, барем според една теорија на заговор. Наводно, Гага ја убила надежната ѕвезда Лина Моргана со цел да го украде нејзиниот стил.

Лина Моргана е мртва и извршила самоубиство во 2008-ма година, скокајќи од балкон на хотел. Лејди Гага никогаш не била спомната во случајот, но Лина била дел од танчарската група на Гага и била претставувана од истиот агент. Верниците во теоријата веруваат дека сличноста помеѓу музиката на Гага и Лина е огромна, но сепак постои разлика помеѓу крадење и убиство.

Имено, по смртта на Лина, таа како никогаш да не постоела. Исчезнале сите податоци за неа на Интернет и речиси не можело да се најде ништо. Оваа теорија само се засилила која мајката на Лина, Јана, дала интервју во 2010-та година каде што тврдела дека Гага ја чувала душата на Лина за да ги украде нејзините музика и изглед.

7. Кети Пери е Џон Бенет Рамзи

10 бизарни теории на заговор за познатите личности

Наводно, Кети Пери е 6-годишното девојче за кое се знае дека било убиено, но всушност било киднапирано. Сепак, и оваа теорија звучи нереално. Не само што Кети Пери и Џон Бенет се родени во различни години, туку и станувањето Кети Пери бара многу фантазија. Иако можеби малку наликуваат една на друга, нема никаква физичка поврзаност помеѓу нив.

Луѓето кои веруваат во оваа теорија тврдат дека девојчето било скриено од јавноста до 2008-ма година, кога се пробило во музичката индустрија. Зошто била криена, никој не знае, а самата теорија е заснована само на нивниот изглед.

8. Аврил Лавињ е мртва

10 бизарни теории на заговор за познатите личности

Позната по нејзиниот гранџ стил и тинејџерско однесување, Аврил се прослави многу брзо. Но смртта на нејзиниот дедо и разводот на нејзините родители го земаа својот данок. После неколку успешни години, Аврил изјави дека ќе се повлече од јавноста и дека ќе се фокусира на себе. Во овој период се роди и теоријата на заговор дека Аврил била заменета од двојничка која ѝ била пријателка.

Наводно, пејачката долго се справувала со депресија и тоа се гледало во нејзините песни како „Slipped Away“ и „My Happy Ending“ и во 2003-та година извршила самоубиство. Но продукциската куќа не сакала да го изгуби успехот, па ја замениле со двојничка – актерката Мелиса Вандела.

Имено, Мелиса целосно го презела животот на Аврил. Сличностите помеѓу двете девојки се очигледни, а фановите тврдат дека разликите можат да бидат забележани во „новиот“ глас на Аврил, разликата во висината, недостатокот од бенки и белези и различното однесување.

9. Бијонсе е мртва

10 бизарни теории на заговор за познатите личности

Иако нема вистински факти што потврдуваат дека познатите се заменети со двојници, ова не ги спречува луѓето да смислуваат теории на заговор. Во 2016-та година, на социјалните мрежи се раширија гласини дека Бијонсе била убиена пред многу години и дека личноста што ја гледаме е клон.

Имено, Бијонсе умрела одамна, но нејзините продуценти зачувале матични клетки во случај на несреќа. По нејзината смрт, тие ги искористиле клетките за да создадат еден, а можеби и повеќе клонови од пејачката.

Многу фанови тврдат дека Саша Фирс, алтер егото на Бијонсе, е всушност друг клон. Исто така, оваа теорија била точна бидејќи пејачката не можела да се сети на денот на нејзиното породување. Се појави и теорија на заговор според која Бијонсе ја лажираше својата бременост, а според некои фанови бил бремен само еден од клоновите.

Други тврдат дека не продуцентите, туку, се разбира, Илуминатите ја клонирале Бијонсе за да заработуваат од нејзиниот успех.

10. Битлси воопшто не постоеле

10 бизарни теории на заговор за познатите личности

Замислете си, постои теорија на заговор според која најпопуларниот бенд на Земјата, Битсли, никогаш не постоел. Имено, членовите на бендот биле само актери и модели кои биле искористени за да се направи светски феномен.

Теоријата е заснована на идејата дека распоредите на бендот биле пренатрупани, па биле користени двојници. Истакнати се и разлики како должина на носот, висина, заби и слични карактеристики. Според оваа теорија, Џон Ленон не е воопшто мртов, туку бил убиен негов двојник.

Имено, поранешната сопруга на Пол Макартни, Хедер Милс, се развела од пејачот бидејќи повеќе не можела да ја трпи измамата. Колку и да звучи чудно, луѓето и денес веруваат во оваа теорија.

Погледнете ги и најлудите теории на заговор од светот на литературата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар