10 бизарни приказни за натприродното од 17-тиот век - Part 2

10 бизарни приказни за натприродното од 17-тиот век

6. Ен Џеферис и нејзините самовили

(6)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Еден ден во 1964 година, 19-годишната Ен рекла дека видела 6 самовили во градината на нејзиниот господар. Оваа глетка толку ја исплашила што таа изгубила свест. Неколку месеци таа била во лоша состојба и била толку слаба што не можела ни да застане на нозе. По средбата со самовилите, Ен развила лекувачки моќи и наскоро станала позната низ Англија заради нејзиниот магичен допир.

Таа рекла дека постојано била придружувана од самовили кои само таа ги гледала и дека тие ѝ давале посебна храна. Во период кога натприродните појави сите ги сфаќале сериозно, Ен лесно им го привлекла вниманието на свештениците. Откако тие изјавиле дека самовилите се „ѓаволска работа“, Ен била затворена. Со тек на време ја ослободиле, а таа се омажила и живеела уште многу години.

7. Полтергејстот на Изабел Хериот

(7)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Изабел Хериот била слугинка на некој министер од Шкотска. Таа била добра работничка, но министерот ја отпуштил бидејќи не била заинтересирана за религија. Зимата во 1680 година, таа се разболела и умрела. Кратко по нејзината смрт бил забележан нејзиниот дух во близина на куќата на министерот. Неколку ноќи подоцна, куќата на министерот била нападната со камења што не ги фрлал никој. Нападите траеле 9 недели.

Покрај ова, во куќата почнале да се слушаат чудни звуци, а некои предмети биле поместувани. Кога запрела активноста на полтергејстот, духот на Хериот бил виден втор и последен пат. Жената која ја видела тврдела дека Хериот собирала камења во дворот на министерот. Пред да избега од страв, Хериот ѝ рекла дека ѓаволот сакал да го уништи нејзиниот стар господар.

8. Двојникот на Мери Гоф

(8)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

На 3-ти јуни, 1691 година, Мери Гоф лежела на својата смртна постела во куќата на својот татко. Таа ноќ Мери го молела својот сопруг да најде коњ. Нејзините деца биле оддалечени 14 километри, а таа сакала да биде со нив кога ќе умре. Мери била премногу слаба да оди, па затоа барала коњ.

Во 1 часот наутро, дишењето на Мери прекинало. Таа не била мртва, туку изгледала како да е во состојба на транс. Во исто време, во куќата на децата, нивната дадилка била изненадена кога ја видела Мери како излегува од собата на ќерка ѝ. Кога дошло 2 часот, Мери ја напуштила куќата, и се разбудила во куќата на татко ѝ. Пред да умре, таа ѝ кажала на мајка си дека ги посетила децата во сон. Истото утро, дадилката раскажала за инцидентот, а соседите ја потврдиле приказната.

9. Демонот од Спрејтон

(9)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Во ноември, 1682 година, еден слуга по име Френсис Феј го сретнал мртвиот татко на неговиот господар. Духот го замолил Феј да заврши некоја работа во врска со неговиот тестамент. Младиот човек се согласил, па кога завршил работа си заминал дома.

Додека одел накај дома, Феј сретнал уште еден дух – маќеата на неговиот господар. „Демонот од Спрејтон“, како што бил познат духот, го турнал Феј од коњот. Поради некоја причина, демонот сакал да го уништи животот на Феј, и тоа на многу чуден начин. Понекогаш таа го давела со неговите марамчиња, понекогаш му ги кинела периките. Еднаш го фрлила во воздух, а друг пат му ги „оживела“ врвците од чевлите.

10. Духот на Ен Вокер

(10)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Вилијам Вокер бил богат вдовец од Англија. За да го задржи редот во куќата, тој најмил една роднина, Ен, да работи како слугинка. Ен и Вилијам се зближиле, па кога таа останал бремена сите погодувале кој е таткото. Во март, 1632 година, Вилијам решил да ја испрати Ен настрана додека да се смири скандалот. На почетокот Вилијам ја чувал Ен во куќата на една тетка, но подоцна ја преместил во друг град.

Никој не слушнал ништо за неа повеќе од 2 недели, кога таа му се појавила на еден трговец, Џејмс Грам, мокра и покриена со крв. Ен му кажала на Џејмс дека е мртва и дека Вилијам не ја однел во друг град, туку најмил човек да ја убие. Пред да исчезне, таа го замолила Џејмс да им каже на властите што се случило. Тој се двоумел, но кога Ен повторно се појавила и се заканила дека ќе го прогонува, тој конечно го пријавил убиството. Властите го пребарале рудникот во кој Ен тврдела дека се наоѓа, и го пронашле нејзиното тело. Бидејќи приказната на привидението се потврдила, и Вилијам и убиецот биле уапсени. Убиецот веднаш признал, па и двајцата биле затворени.

Прочитајте ги и овие кратки приказни кои навистина ќе ве исплашат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар