Уред кој ќе ви каже дали сте премногу пијани за да возите

Уред кој ќе ви каже дали сте премногу пијани за да возите

Мозокот не е прецизен инструмент за мерење на внесеното количество алкохол во крвта, во моментот кога одлучувате дали ќе ги ставите клучевите во автомобилот и ќе почнете да возите или ќе викнете такси за да ве однесе безбедно дома. Затоа, треба да се потпрете на нешто попаметно, како на пример на вашиот мобилен телефон.Уред кој ќе ви каже дали сте премногу пијани за да возитеBreathometer“ е нов, доволно малечок уред, кој може да се закачи како приврзок до вашите клучеви, а се приклучува во отворот за слушалки во вашиот паметен телефон, со цел на него да го проверите количеството на алкохол во вашата крв, пред да седнете зад возачкото седиште.

Потребно е само да ја симнете потребната апликација и да го приклучите уредот за телефонот, а потоа дувате во „Здивометарот“, за да ја регистрирате концентрацијата на алкохол во вас. Доколку ја надминувате дозволената граница, на апликацијата се појавуваат алтернативните можности за транспорт во близина.Уред кој ќе ви каже дали сте премногу пијани за да возитеОвој малечок сензор за алкохол, нема да биде достапен на пазарот до јули, бидејќи креаторите на идејата сѐ уште собираат пари за започнување на бизнисот, но од минатата среда досега собрале околу 40.000 долари, а целта им била само 25.000, така што оваа идеја веројатно ја чека добра иднина. Кога ќе излезе на пазарот, ќе чини 20 долари. Уред кој ќе ви каже дали сте премногу пијани за да возитеОва не е уред само за тешките пијаници. Ова е уред кој ќе им помогне на сите луѓе да се чувствуваат безбедно после бурната забава и да носат одговорни одлуки. Наменет е за сите „хардкор“ забавувачи, како и за сите оние кои се грижат за својата безбедност и за ризиците поврзани со возачите кои се под дејство на алкохол.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар