Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации - Part 2

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

9. Големина

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

Ова е уметнички концепт на деловите од ракетата Атлас, една од најголемите ракети за меѓупланетарно летање. Ракетата е висока 57,3 метри и заедно со InSight тежи околу 333.000 килограми.

10. Подготвена за полетувањето

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

На базата во Калифорнија се вршеле последните подготовки за лансирање. Целосно исправената ракета изгледала како зграда од 19 ката.

11. Полетување

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

Приземјувачот полета од Земјата со ракетата Атлас V на 5-и мај, 2018-та година, во 4:05 часот наутро.

12. Опашка на небото

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

На оваа фотографија е прикажана опашката од InSight над Лос Анџелес.

13. Прецизна навигација

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

На илустрацијата е прикажана рутата на InSight до Марс. Приземјувачот патувал речиси половина пат околу сонцето пред да ја стигне планетата. Откако приземјувач ја напуштил ракетата, навигацијата го упатила кон Марс, а потоа го водела по правилниот пат.

14. MarCO

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

Овие сателити ќе пренесуваат информации до Земјата за слетувањето на InSight. Овде се прикажани како летаат над Марс со Земјата во далечина.

15. Селфи

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

Оваа фотографија со долга експозиција била направена од камерата на InSight. На неа се прикажани некои од карактеристиките на ентериерот на приземјувачот. Задниот дел има падобран и неколку компоненти кои се користат за влегување во атмосферата, спуштање и слетување. Со штитот за топлина, школката на InSIght го штити за време на влегувањето во атмосферата.

16. Прашливо слетување

Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии

На мапата е покажана температурата на Марс 26 километри над површината. Оваа температура им кажува на научниците за количеството прашина во атмосферата. Друго летало на НАСА ги собрало податоците на 18-ти ноември, една недела пред слетувањето на InSight.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар