Единствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфон
Постојат 5 милијарди апликации за вашиот смартфон. ОК, можеби малку претеравме со оваа бројка, но како би можеле да го најдете најдобриот начин за да ги зачувате и овековечите вашите сеќавања доколку постои толку голем избор за апликации поврзани со фотографиите? Со цел да ви ја олесниме работата, денес ви ги издвојуваме најпотребните 4 апликации со чија помош можете да ги опфатите сите аспекти на фотографирањето, од нивната обработка, па сè до начинот за печатење…
1. За обработка: VSCO
Сите ние го обожаваме Инстаграм, но кога станува збор за обработување на вашите фотографии, оваа апликација е убедливо најдобра во овој момент. Откако ќе одберете фотографија од вашиот албум или ќе направите нова, вие ја уредувате, запомнувате и потоа ја објавувате директно на Инстаграм. Најдобриот дел е што не мора да имате никакво фотографско искуство со цел да направите вашите фотографии да изгледаат неверојатно.
2. За интеракција: Instagram
Штом го читате овој текст, сигурни сме дека и вие, исто како и нас, целосно сте опседнати со Инстаграм. Во случај да не сте на оваа социјална мрежа, време е веднаш да го сторите тоа. Инстаграм е апликација која е лесна за употреба, малку заразна, но широко распространета поради добра причина – таа ви дозволува прегледно да ги документирате сите ваши животни моменти.
3. За зачувување: Google Photos
Како и останатите основни Андроид апликации, така и оваа е многу едноставна за користење, а ви овозможува неверојатно голем простор (вклучувајќи и премиум опции кои лесно може секој да си ги дозволи) за зачувување на вашите најубави моменти. Таа е лесна за употреба и многу попрегледна од онаа која се користи за iOS.
4. За печатење: Print Studio
Се сеќавате на времето кога фотографиите требаше да се развиваат? Епа оваа апликација ви дозволува да го направите токму тоа, користејќи фотографии од вашиот албум на смартфонот или директно од Инстаграм. Таа е лесна за употреба, но и потсетува на тоа колку е одлично да се има физички доказ од големите (и помалите) моменти во нашиот живот.