8-те најдобри апликации кои ќе ви помогнат да медитирате - Part 2

8-те најдобри апликации кои ќе ви помогнат да медитирате

5. Buddhify

(5)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Слушајте ги најдобрите звуци за релаксација. Оваа апликација има над 80 водичи за медитирање кои ќе ви помогнат да ја најдете совршената вежба за вашата ситуација. Водичите се поделени во 15 категории, како на пример „Време за спиење“. На апликацијата има и тајмер доколку не сакате некој да ве води, како и дел за прашања и одговори. Цената на апликацијата е 2.99 долари, а можете да ја најдете и на iTunes и на Android.

6. Walking Meditation

(6)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Оваа апликација нуди малку поразлично искуство. Ако не можете да седите долго време и да медитирате, таа ви овозможува да медитирате додека се движите. Walking Meditation ќе ве научи да медитирате каде било. Цената на апликацијата е 1.99 долари и е достапна за корисниците на iTunes и Android.

7. Calm

(7)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Излезете од вашиот хаотичен живот и подарете си еден мирен момент. Оваа апликација има уникатни визуелни и звучни ефекти кои ќе ви помогнат да го пронајдете вашето среќно место. Апликацијата е бесплатна, но има некои делови кои се доплаќаат. Достапна е за корисниците на iTunes и Android.

8. The Mindfulness App

(8)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Дали сакате да го следите вашиот напредок? Тогаш оваа апликација е совршена за вас. На неа има дневник кој го следи вашето патување. Има многу интересни опции, како водич за медитирање од 5 дена, потсетници, персонализирани медитации и тајмери. Апликацијата е бесплатна, но премиум корисниците имаат пристап до над 200 водичи за медитација од највлијателните учители. The Mindfulness App е достапна за корисниците на iTunes и Android.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар