Претходно
8 онлајн трикови што ќе ви го направат животот поедноставен
5. Одјавување од Фејсбук „оддалеку“
Ако сте се најавиле на Фејсбук од нечиј телефон или компјутер, а не сте сигурни дали сте се одјавиле, можете да го средите и тоа.
- Кликнете на Ѕettings на вашиот профил.
- Селектирајте ја опцијата Security.
- Кликнете на Where You’re Logged In.
- Најдете ја сесијата што сакате да ја прекинете.
- Кликнете Log Out.
6. Пребарување зборови во текст
Ако сакате да побарате одредени зборови во текст, Гугл има решение за тоа.
- Напишете allintext пред зборовите што ги барате за да најдете страници што ги содржат сите зборови што ги пребарувате.
- Напишете intext пред текстот што го барате за да најдете страници каде што еден збор се појавува во текстот, а другите се појавуваат каде било, како на пример во насловот.
7. Пребарување зборови во наслови
Ако сакате да најдете страници со одреден збор во насловот, и за ова нема да ви биде потребно многу.
- Напишете allintitle пред текстот што го барате за да најдете страници што ги содржат сите зборови што ги пребарувате.
- Напишете intitle пред текстот за да ги најдете страниците каде што еден збор се појавува во насловот, а другите се појавуваат каде било, како на пример во текстот.
8. Пребарување локација на Гугл
Ако барате нешто на одредена локација, само додајте location:place по текстот за пребарување.
Дознајте и како да откриете дали некој ве бара на Интернет.
strasni trikovi bravo cc