13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо
7. Поврзавме мозоци на 4 стаорци
Невронаучниците успешно ги поврзале мозоците на 4 возрасни стаорци. Оваа мрежа можела да процесира слики, да складира и да бара информации, па дури и да го предвиди времето. Перформансот на „органскиот компјутер“ бил подобар од перформансот на секој мозок одделно. Како би било да има еден мозок за 4 различни личности?
8. Се обидовме да го вратиме биолошкиот часовник
Група научници од Универзитетот Стенфорд нашле начин да ги издолжат човечките теломери, заштитниот дел на краевите на нашата ДНК, односно хромозомите. Колку е помлада личноста, толку се подолги теломерите. Со текот на времето нивната должина се намалува и личноста старее. Научниците докажале дека можеме да ги модифицираме краевите на хромозомите.
9. „Променивме“ човечки ембрион
На 27-ми јули, 2017-та година, во Портланд, научниците ги отворија вратите кон новата ера од медицината. Со помош на CRISPR тие успеале да отстранат наследно нарушување на срцето. Сега научниците можат да ја менуваат нашата ДНК со вметнување и отстранување на елементи. Процесот е толку прецизен што научниците мораат да пробаат многу хемиски комбинации пред да направат одредена промена.
10. Научивме вештачка интелигенција да прави паркур
Експертите од Гугл покажале како ја научиле нивната вештачка интелигенција да се прилагодува на променливо опкружување. Без разлика дали станува збор за безглаво тело, тело со 4 нозе или 3Д човечка фигура, таа со помош на паркур ги надминувала сите пречки во виртуелниот свет.
11. Одлучивме да ја изладиме планетата
Почнувајќи од 1980-та година, температурата на Земјата се зголемува за 1 степен секоја деценија. Топењето на мразот ќе го покачи нивото на морињата, па ќе има многу поплави и други природни катастрофи. Земајќи ги предвид сите закани, членовите на Обединетите нации решиле да го имплементираат Договорот од Париз. Со оваа програма државите се задолжени да започнат со штедење на енергија и имплементирање технологии кои се добри за околината.
12. Направивме вештачка матка
Тим од детската болница во Филаделфија направил матка за да спаси предвремено родено јагне. Во иднина, оваа направа би им помогнала на лекарите да ја намалат стапката на смртност кај децата родени пред 37-мата недела од бременоста. Сепак денес оваа вештачка матка не е погодна за предвремено родени деца бидејќи не го снабдува фетусот со сите потребни хранливи материи и кислород.
13. Најдовме планета погодна за живот
Научниците од Европската организација за астрономски истражувања открија планета, LHS 1140b, која можеби е погодна за живот. Планетата се наоѓа на само 40 светлосни години од Земјата. Според првите истражувања, таа е во орбита на црвено џуџе и може да подржува живот. Површината е карпеста, може да ја задржи атмосферата, а веројатно има и услови за течна вода.
Погледнете и кои се неверојатните откритија коишто се иднината на технологијата.