10 Тесла модели кои можеме да ги очекуваме во блиска иднина
6. Тесла шатл
Штом Тесла ќе го докаже својот концепт со минибусот, може да очекуваме оваа технологија да се примени и за поголем број патници. Маск сака да се движи кон иднината без штетна емисија од јавниот превоз.
7. Тесла кросовер
Оригиналниот план на Тесла ги содржел моделите S, E (кој стана 3), X и Y. Од Тесла сакаат да направа модел Y кој се очекува да биде кросовер верзија од Mодел 3.
8. Тесла камион за отпад
Еден од оригиналните основачи на Тесла, Иан Рајт, започнал компанија наречена Wrightspeed која произведувала електрични возила за работа, како комбиња, автобуси и камиони за отпад. Како што урбаните средини стануваат понаселени, ќе има потреба од потивки и чисти камиони за отпад. Иако Маск нема спомнато нешто вакво, изгледа дека тоа е само природен напредок кој произлегува од чистите автобуси и автомобили.
9. Беспилотно компактно такси
На некои места малите автомобили се почести, па дури и поисплатливи поради високите цени на горивото. Па, ако може да се намали големината со отстранување на воланот, овој концепт би станал хит. И во овој случај би се намалило загадувањето, а покрај тоа цената на батериите е многу ниска.
10. Модел S од следната генерација
Од Тесла размислуваат многу за нивниот Модел Ѕ. На секои неколку месеци тие објавуваат нешто ново, некое подобрување, па дури станува тешко да се следи. Од Тесла можеби ќе ја достигнат совршеноста кога станува збор за овој автомобил.