10 технологии коишто нема да постојат за 20 години - Part 2

10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

6. Физички медиуми

10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

Во раните 2000-ти на видео касетите им дојде крај со појавата на ДВД, исто како што аудио касетите беа заменети со ЦД во доцните 1980-ти. Најверојатно се ближи крајот и на физичките медиуми. Платформите како Нетфликс и Јутјуб ја намалуваат потребата за купување Блу-реј дискови. Најверојатно и сите книги ќе бидат издавани само во дигитален формат.

7. Жични полначи за телефон

10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

Замислете веќе никогаш да не треба да се грижите за батеријата на вашиот телефон. Веќе се намалува популарноста на жичните полначи за телефони кога ќе се земе предвид дека повеќето телефони можат да се полнат и безжично. Компаниите веќе создаваат направи кои користат радио бранови и вифи за полнење.

8. Банкомати и паричници

10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

Изгледа дека начинот на плаќање се менува на секои неколку години. Но сепак плаќањето во кеш останува најпопуларно. Со картичките и онлајн банкарството нема да помине уште многу време пред властите да престанат да го трошат буџетот за печатење банкноти и најверојатно ќе се воведат само дигитални валути. Денес само 9% од светското население користи кеш. Штом кешот и кредитните картички ќе ја изгубат својата популарност, веќе нема да има потреба од паричници и банкомати.

9. Игли

10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

Добрата вест за сите е што ерата на инјекции со игли е веќе при крај. Истражувачите од Институтот за технологија во Масачусетс најавиле 2 нови проекти кои ќе им стават крај на иглите. Еден од нив е во вид на џет-инјекција, технологија која може да истрела супстанца побрзо од брзината на звукот преку микроскопски отвор на кожата. Вториот проект вклучува капсула со игла која се голта. Откако малата игла ќе ја инјектира супстанцата во стомакот, се уништува од дигестивниот систем.

10. Кино

10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

Веќе многумина имаат забележано дека одењето во кино станува сè поретко. Всушност, ова била идејата по измислувањето на телевизорите чија цел била да се забавувате од удобноста на вашиот дом. Иако луѓето уште сакаат да одат на кино, оваа технологија продолжува да еволуира. Денес можете да уживате во 3Д филм и на вашиот телевизор. На долгорочен план ќе биде многу поевтино да не одите во кино и да гледате филмови од дома. А со развојот на виртуелната реалност, кој знае каде ќе нè однесе технологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар