10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс
6. Психолошки ефект на губење на Земјата од поглед
Како што астронаутите ќе се движат кон Марс, нивната планета ќе станува помала и помала сè додека не изгледа како мала точка на небото. Астронаутите моментално имаат психолошки придобивки кога ја гледаат Земјата од нејзината орбита, но никој не знае што ќе се случи кога целосно ќе ја изгубат Земјата од поглед. Се претпоставува дека може да се појави депресија, носталгија, психоза, па дури и самоубиство. За да се намалат опасностите од ова, постојат планови за телескопи кои ќе им помогнат на астронаутите.
7. Убиствен екипаж
Астронаутите можат да се соочат со предизвици од другите членови на екипажот. Дури и најдобрите пријатели може да не се поднесуваат кога ќе бидат заробени во мал простор долго време. Покрај тоа, многу луѓе може да имаат психолошки ефекти кои резултираат со потенцијално опасно однесување. Психијатарот Ник Канас од Универзитетот во Калифорнија изјавил:
„Можете да се справите со кој било еден месец. Но кога зборуваме за година и пол или подолго, нештата се поразлични.“
Всушност, постојат тестови во кои екипажот е изолиран заедно со цел да се симулира патувањето до Марс. Членовите од екипажот престанале да зборуваат едни со други, освен кога требало да се заврши некоја работа.
8. Комуникација со Земјата
Телефонскиот разговор на Земјата е инстантен, но комуникацијата помеѓу Марс и Земјата е друга приказна. Сигналот помеѓу двете планети ќе треба да патува околу 225 милиони километри. Во зависност од тоа колку се блиску планетите една до друга, сигналот во една насока патува од 4,3 до 21 минута. Ова значи дека додека да добиете одговор ќе поминат речиси 42 минути. Покрај тоа, сонцето може да ја попречи комуникацијата помеѓу двете планети, па астронаутите ќе изгубат контакт со Земјата неколку недели. Ова не само што ги спречува астронаутите да комуницираат од социјални причини, туку ја намалува можноста да добијат животна поддршка кога ќе настане некој проблем.
9. Вселенска радијација
Вселенската радијација е еден од најголемите предизвици кај патувањето до Марс. Атмосферата на Земјата ги штити оние што живеат на неа од радијацијата, но астронаутите ја немаат оваа заштита. Астронаутите на Интернационалната вселенска станица се изложени на 10 пати повеќе радијација за разлика од луѓето на Земјата. Оние што ќе патуваат до Марс ќе бидат изложени на радијација 100 пати повеќе. Иако не се познати ефектите на ова, документираните последици од изложеност на радијација надвор од Земјата се губење на видот, зголемен ризик од рак, невролошки нарушувања и многу други. Радијацијата на патувањето до Марс сигурно ќе има полоши последици. Најефективното решение засега е да се намали траењето на патувањето.
10. Слетување на Марс
Последниот чекор од патувањето е и најсмртоносниот. Опасностите се толку големи што научниците од НАСА го нарекле слетувањето од атмосферата до површината „6-минутен терор“. Леталото влегува во атмосферата на Марс со брзина од речиси 20.000 километри на час и го користи триењето од атмосферата за да забави. По околу 4 минути леталото е на иста висина како и комерцијален авион на Земјата, но сè уште се движи со 1.600 километри на час. Потоа се отвораат падобрани за забавување и леталото удира на површината со брзина од 80 километри на час. Отскокнува колку зграда од 4 ката пред целосно да застане. Повеќе од 60% од интернационалните мисии завршуваат со пораз, а слетувањето е најчестата причина.
Прочитајте и што знаеме досега за идната колонизација на Марс.