10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас - Part 2

10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

6. Гравитациони бранови

(6)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Човештвото неодамна успеа да ги детектира гравитационите бранови (брза промена на искривувањето на просторот и времето). Во 2015 година, научниците од LIGO објавија дека забележале „дупки“ во материјалот на просторот и времето, и ова беше првото забележување на овие бранови. Па, некоја напредна цивилизација би можела да си игра со неутронските ѕвезди или црните дупки и да ни праќа чудни, но интелигентни сигнали. Тие би можеле да ја контролираат фреквенцијата и амплитудата на овие бранови со цел да испратат некоја порака. Се разбира, за ова би била потребна технологија која за нас е незамислива. Но добрата работа е што нашите сензори може да ги детектираат овие бранови на далечина од милијарди светлосни години, па доколку има вонземјани кои го прават тоа на ова растојание, ние би ги забележале.

7. Бомбардирање со честички со висока енергија

(7)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Земјата постојано е изложена на радијација. Но, ако вонземјаните можат да ја зголемат и да ја искористат за праќање сигнал, ние би го забележале тоа. Ова можеби не е најздравата опција за нас, но напредната цивилизација веројатно нема да се грижи за нашето здравје. Не постои начин на кој би можело да се направи ова на поголемо ниво. Исто така не знаеме ни како би се насочило ова зрачење.

8. „Бришење“ на големи работи

(8)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Доколку станува збор за многу напредна цивилизација, ова е возможно. Тие би можеле да користат нанороботи за да разложат некое тело на елементарни честички, или пак да искористат некоја црна дупка за да избришат нешто од реалноста. Поразумна теорија е дека тие би можеле да го забрзаат процесот на уништување на некое тело. На пример, да направат едно црвено џуџе (ѕвезда која гори трилиони години) да согори за значително пократок период. Научниците немаат забележано смрт на црвено џуџе бидејќи универзумот е премногу млад за да се случи ова.

9. Црвји дупки

(9)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Всушност не знаеме дали физички е возможно постоењето на црвјите дупки, а доколку постојат не знаеме како да создадеме една. Можеби вонземјаните ќе направат црвја дупка во близина на нашиот сончев систем, како во филмот Интерстелар (Interstellar) и ќе ја искористат за да праќаат работи низ неа, како радио бранови. Можеби ќе пратат и летало за да остварат контакт.

10. Промена на законите на физиката

(10)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Кога гледаме во космосот мислиме дека во секој дел од него владеат истите физички закони, и дека тие се постојани и непроменливи. Но што ако не е така? Многу напредна вонземна цивилизација би можела да манипулира со физиката и да ни праќа сигнал со мали промени, како на пример менувањето на полнежот на електронот. Ако можете да ги контролирате физичките закони, можете да контролирате сè. Нашиот мозок не би можел да го сфати ова, а технологијата потребна за овој подвиг би ги „експлодирала“ нашите глави. Кога ќе размислите подобро, тие би можеле да ја уништат нашата способност за постоење, бидејќи сепак ги контролираат законите на физиката.

Бидејќи сè уште не сме добиле порака од вонземјаните, постојат и неколку теории кои ги објаснуваат причините за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар