10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато - Part 2

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

6. Камерата препознава фонтови, предмети, па дури и ресторани

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Апликациите како Amazon’s Flow можат да препознаваат предмети, места и текст. Новата функција Google Lens која е дел од Google Assistant може да препознае ресторани со помош на фотографија и ви нуди информации и препораки од посетителите. Апликацијата WhatTheFont може да ви го открие фонтот на некој текст со помош на фотографија.

7. Можете да правите фотографии додека снимате видео

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Сигурно ви се случило да сакате да направите фотографија но без да сакате, сте почнале да снимате. Ајфоните овозможуваат да ги правите и двете нешта истовремено. Сè што треба да направите е да го притиснете копчето за фотографирање кое се наоѓа веднаш до копчето за снимање видео. Фотографијата нема да биде со истиот квалитет, но барем можете да ја направите кога немате многу време.

8. Користете ја камерата како линијар

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Апликациите како Ruler App се одлични за мерење разни предмети на фотографија. Можете да измерите и помали предмети со линијарот што се појавува на екранот. Оваа апликација е навистина корисна за архитекти и градежници.

9. Термална камера за смартфон

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Seek Thermal создава технологија која била измислена за војската и ја прави достапна за сите. Оваа мала камера можете да ја прикачите на телефонот и со неа да правите термални фотографии.

10. Претворете го смартфонот во микроскоп

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Лесно можете да го користите смартфонот како преносен дигитален микроскоп. Сè што треба да направите е да прикачите мала леќа на камерата која можете да ја најдете кај кој било ласер. Овој неверојатен трик ќе ви помогне да го истражите микросветот и да направите прекрасни фотографии.

Погледнете и како да го продолжите траењето на батеријата на вашиот смартфон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар