10 футуристички медицински иновации кои ќе ги променат нашите животи - Part 2

10 футуристички медицински иновации кои ќе ги променат нашите животи

6. Операција со интелигентен нож

(6)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Хируршката онкологија е ефикасен лек против ракот. Но, со цел да избегнат оставање на заразено место, хирурзите мора да отстранат и здраво ткиво околу местото заболено со рак. Со алатката iKnife ризикот од оставање заболено ткиво значително се намалува. Алатката го скенира органот и брзо ги идентификува заболените места, па не остава простор за заборавање канцерогени клетки.

7. Технологија со слики за подобра дијагноза

(7)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Магнетната резонанса и рендгенските зраци веќе се користат во медицината. Но, опремата потребна за овие испитувања е многу голема и не е секогаш прецизна. Она што научниците сакаат да го направат е радиолошка машина која ќе дава сигурни и точни резултати. Замислете си скенер кој веднаш ќе ги детектира заболените места и ќе ги покаже симптомите.

8. Побрзи клинички тестови

(8)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

За многу тестови потребно е долго време, но и многу пари. Но технологијата на Харвард, Organs-on-chips, се состои од микрочипови кои претставуваат модели на човечки клетки. На нив ќе може да се тестираат разни лекови и тоа безброј пати, па тестирањата ќе бидат попрецизни и побрзи. Покрај тоа, оваа технологија целосно ќе го искорени тестирањето на животни.

9. Роботи во здравството

(9)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Роботите веќе се реалност и се наоѓаат и во нашите домови. Научниците ги претставија роботите TUG кој можат да носат товар и до 450 килограми. Друг технолошки асистент е RIBA, пријателскиот робот-медицинска сестра чија цел е внимателно да ги преместува пациентите од креветот до инвалидската количка. Ова значително ќе им ја олесни работата на медицинските лица.

10. Сопственост на податоци

(10)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Дали ви се има случено да ви го загубат картонот во болницата, да не ви дозволат да го погледнете или пак, грешно да протолкуваат нешто напишано на него? Причината за ова е што вашиот картон е во сопственост на болниците, институциите и лабораториите. Но, во иднина сите информации ќе им бидат достапни на сите благодарение на сензорите за здравје и преносните направи за дијагностицирање. Овој пристап ќе ја подобри ефикасноста на здравствениот систем. Замислете си секогаш да го имате на дофат вашиот медицински картон кога има потреба од тоа.

Дознајте и кои се случајните несакани последици од некои нови технологии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар