Тејлор Донован не е обична жена – таа е врвен адвокат чиј родители имаат жртвувано многу за таа да го има најдоброто можно образование и да стане еден од најдобрите адвокати во земјата. И таа нема намера никогаш да ја изневери нивната доверба и направената жртва. Таа е сигурна, мирна, самоуверена, ладна, фокусирана и проклето добра во својата работа. Работи дење, ноќе, преку викенд и нема време за трошење на глупости.
Што мислите, како реагира таа кога нејзиниот шеф од неа ќе побара таа да го подучува Џејсон Ендрус за неговиот нов филм, правен трилер кој треба да го снима? Таа нема намера да биде дадилка на некоја самобендисана филмска ѕвезда, се разбира. Џејсон Ендрус, патем актер кој трипати по ред е избиран за најсекси маж кој постои во светот, воопшто не е вреден за таа да се обидува да го вметне во својот и онака пеколно преполн распоред. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа… и ја прикаже како недоделкан тинејџер. Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен!
Но што мислите, како Џејсон Ендрус ќе реагира кога ќе дознае дека постои жена на светот која се дрзнува да му рече НЕ? Нему? На Џејсон Ендрус? Па тој е неодолив. И шармантен. И згоден. И трипати избран за најсекси маж кој постои. Тој исто така е дрзок. Самобендисан. Арогантен. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла!
И, што произлегува од еден воркохолик, тврдоглава и комплицирана жена и еден арогантен секс Бог кој е навикнат секоја жена да ја има на тацна? Произлегува урнебесна комедија која ќе ве изнасмее до солзи. Уффф… Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
Книгата веќе е во продажба во книжарници низ Скопје како и во десеттина други градови низ Македонија. Проверете овде каде може да ја купите или едноставно нарачајте ја на contact@sakamknigi.mk и ќе ви биде испратена на домашна адреса бесплатно.
Сакам книги доделува 3 примероци. Постојат два начини да станете добитник на еден од нив. Доколку користите Твитер, само твитнете ја оваа содржина преку копчето. Ако пак сакате да го користите Фејсбук, пишете интересен коментар за некоја личност на која вие не можете да ù одолеете. Добитниците ќе ги избере Кафе пауза. Наградната игра трае до 31 август.
*Подарокот може да се подигне секој работен ден, од 10 до 19 часот во Spaiva на ул. Водњанска (веднаш под Галија).