Дојде време да ги освежиме нештата во нашиот тим. Ни треба одговорна, квалификувана и енергична личност која секојдневно ќе го насочува авторскиот тим и ќе придонесува кон содржински развој на сајтот. Доколку ги исполнувате долунаведените критериуми, не двоумете се дали да ни ги испратите вашите документи за аплицирање. Ве очекуваме!
Потребни квалификации:
- Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии и книжевност)
- Одлично познавање на англиски и српски јазик
- Вештини за литературно и креативно изразување
- Широк спектар на интереси и познавања од областа на застапените теми на Кафе пауза
- Остро око за воочување пропусти во пишувањето (фактографски, правописни, јазични), како и визуелни и технички недоследности
- Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
- Способност за избор на квалитетни, издржани и интересни теми и извори на содржини
- Снаодливост со веб и компјутерски алатки (искуство со Фотошоп ќе биде предност)
- Искуство во уредување содржини на веб (предност)
- Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
- Спремност за фиксно работно време од 8 часа на ден (од дома) за период од 9 месеци (хонорарно, со можност за продолжување на договорот) или со редовно вработување (преферирана варијанта), како и за надгледување на работата за време на викендите
- Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден
- Позитивен дух за развој на квалитетот на работа и унапредување на целиот сајт
- Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност
Работни обврски:
- Секојдневна комуникација со авторите околу изворите на содржини, изборот на теми и начинот на уредување
- Одобрување на најдобрите теми за работа и одбивање на несоодветните
- Мотивација на авторскиот тим и давање редовни насоки за работа со цел нивен личен напредок
- Прегледување и уредување на содржини (проверка на факти, превод и правопис, корекции во начинот на изразување, фотографиите и целосниот дизајн на страниците)
- Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката преку сите канали
- Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори
- Водење редовна евиденција за својата работа, за работата на останатите членови на авторскиот тим, како и за издавачките активности на ниво на целиот сајт
- Преземање одговорност за објавените содржини и справување со евентуалните пропусти и забелешки од страна на публиката
- Останати активности во склоп на работното место
Нудиме:
Можност за редовен платен ангажман на еден од најпопуларните портали во Македонија во флексибилни услови за работа од дома (виртуелна канцеларија), како и континуирани можности за учење и напредување.
Доколку се пронаоѓате во мноштвото од напишаното, испратете ни ги вашето резиме, мотивационо писмо, линкови од два ваши објавени материјали и други документи кои сметате дека можат да бидат релевантни за позицијата на admin[at]kafepauza.mk со назнака Aplikacija za zamenik-urednik во полето за предмет на пораката. Аплицирајте најдоцна до 31 јануари. Со среќа!