Најдобрите бесплатни извори за учење странски јазици

Најдобрите бесплатни извори за учење странски јазици

Научно докажано е дека учењето нов јазик ја подобрува работата на мозокот, а да не зборуваме за сите предности кои ќе ви ги отвори како во професионалниот, така и во личниот живот. Доколку имате желба, а не знаете од каде да почнете, ви ги препорачуваме следниве бесплатни сајтови, кои се надеваме дека целиот процес на учење ќе ви го направат полесен и поинтересен.

1. Duolingo

(0) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Целосно бесплатен извор за учење странски јазици.
  • Јазична поддршка на најголемите светски јазици: германски, шпански, француски и други.
  • Мобилна iOS и Android апликација.
  • Најавување преку Facebook или Google+.
Недостатоци:
  • Не е многу детален.
  • Доколку сакате да учите кинески, јапонски, корејски, руски, тогаш подобро побарајте друг извор.
Посебни карактеристики:
  • Мобилната апликација ви овозможува да учите во движење преку вашиот смартфон или таблет.
  • Учењето е замислено како игра, што целиот процес го прави многу позабавен.

2. Busuu

(1) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Бесплатни материјали за читање, пишување и зборување.
  • Можете да научите кинески, руски и многу други необични јазици.
  • Можете да се логирате преку Facebook и Google+.
  • Мобилна апликација за Android и iOS за учење во секое време.
Недостатоци:
  • Во бесплатната верзија не се достапни сите материјали, така што треба да платите за граматичките вежби и за официјалниот сертификат, што се добива по успешно завршениот курс.
  • Има мал избор на јазици, особено на оние од Средниот исток.
Посебни карактеристики:
  • Мобилните апликации се добри и имаат добар рејтинг за секоја од платформите.
  • Можност да си поставувате цели при учењето на јазикот, што ви дава мотив побрзо да учите и да напредувате.

3. Foreign Services Institute

(2) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Платформа за учење на јазиците на Африка и Блискиот исток.
  • Курсевите се многу детални и изработени од професионални лингвисти.
  • Бесплатни аудио материјали.
  • Материјалите за учење се во ПДФ формат, а деловите со слушање може да се преземат. Потоа можете да ги префрлите на вашиот смартфон, таблет, лаптоп и да учите и без да интернет конекција.
Недостатоци:
  • Нема фенси графика, мобилна апликација или нешто слично. Сите лекции се во ПДФ формат, а деловите со слушање и не се баш најдобри.
  • Учењето на најмногу се базира на принципот на повторување, што и не му одговара на секого.
Посебни карактеристики:
  • Професионални и детални материјали за учење.
  • Наменет за оние кои сериозно ќе му пристапат на учењето нов јазик.

4. Livemocha

(3) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Користи уникатен метод на „учење во живо“, но не се занемарува и вообичаениот метод со лекции и повторување.
  • Видеа со лекции, предадени од страна на професионални инструктори.
  • Можете да стапите во контакт со други луѓе кои го учат истиот јазик и меѓусебно практично да го применувате научениот материјал.
  • Можете да ја оценувате работата на другите кои го учат истиот јазик. Преку ова добивате поени, а со тоа отклучувате нови лекции. Па така, најпрвин мора да помогнете и да споделите, за да можете да напредувате и да учите.
Недостатоци:
  • Напредокот зависи од тоа колку ќе им помогнете на другите, па ако сметате дека тоа не е за вас, подобро не почнувајте.
  • Можеби ќе ви е потребно повеќе време за да отклучите нови лекции.
  • Оние на кои не им е грижа и ова не го сфаќаат сериозно, задачите на другите ќе ги оценуваат како одлични, само за да дојдат до поени. Затоа, доколку немате време и трпение, одберете друг сајт.
Посебни карактеристики:
  • Toa што треба да им помогнете на другите за да напредувате.
  • Одличните видео-часови од „живи“ инструктори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Lela Reply

    Dali znaete online izvor za ucenje na makedonski?

  2. Eduardo Reply

    Јас препорачувам https://www.penpaland.com размена јазик базирани веб-сајт
    Android:http://app.appsgeyser.com/Penpaland

Остави коментар