Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус - Part 2

Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус

Вчера, во Станица 26 сето ова стана реалност за македонските обожаватели на Ејми Вајнхаус. Публиката играше, се забавуваше и пееше на цел глас. Во просторијата владееше бура од измешани емоции на задоволство, уживање и носталгија. Бендот беше принуден дури два пати да се врати на сцена по завршувањето на концертот, бидејќи неуморната публика постојано бараше уште. Тоа е само дополнителен доказ за талентот и умешноста на „Amy’s House“. Енергијата што ја создадоа музичарите и што се пренесуваше од човек на човек го обзема целиот клуб и ги сплоти сите присутни во едно. Трибјут бендот на Ејми Вајнхаус ни подарија носталгична вечер која долго ќе се памети.

Но, овој концерт не беше незаборавен само за публиката. Членовите од бендот ни открија дека и тие си поминале одлично и дека биле фасцинирани од тоа колку прекрасна публика имале што просто не можеле да ја напуштат сцената. Ни најавија дека следен настап можеме да очекуваме во Битола, а огромно задоволство би им било доколку имаат можност повторно да настапуваат во Скопје.

Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус

На прашањето зошто толку многу ја сакаат Ејми Вајнхаус тие едногласно одговорија дека главната причина се нејзините искрени емоции што можат да се почувствуваат во сите нејзини песни. Не можеме а да не се согласиме со оваа изјава.

„Amy’s House“ ја искажаа нивната искрена благодарност кон македонската публика и ги споделија нивните 5 омилени песни од Ејми Вајнхаус. Ова се песните што тие ги издвоија…

1. Will You Still Love Me Tomorrow

2. Moody’s Mood For Love

3. Stronger Than Me

4. You Sent Me Flying

5. In My Bed

Во продолжение погледнете и како извонредните „Amy’s House“ изгледаат и звучат во живо…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар