Музичка плејлиста: 25 песни посветени на татковците - Part 2

Музичка плејлиста: 25 песни посветени на татковците

9. Madonna, Oh father

Во овој сингл од 1989 година, Мадона пее „Ти никогаш не ме сакаше“ и „Можеби еден ден кога ќе погледнам назад, ќе бидам способна да кажам ‘Ти не мислеше да бидеш суров’.“

10. John Mayer, Daughters

Со оваа песна тој ги повикува татковците „да бидат добри“ со нивните ќерки додека се млади, при што тие ќе имаат позитивни врски со нивните партнери во сегашноста и во иднината. Во 2005 година оваа песна била број 19 на листата со 100 најжешки синглови.

11. Billy Ray Cyrus & Miley Cyrus,I Learned From You

Овој дует со ќерката и таткото ги истражува фрустрациите кои доаѓаат со текот на годините, кога детето мисли дека знае сѐ, но на крајот сфаќаат дека таткото знае што е најдобро. Мајли пее гордо за сите нешта што ги научила од нејзиниот татко, како на пример: „Причините за да продолжи да верува“ и „Силата е нешто што се одбира.“

12. Luther Vandross, Dance With My Father

Пејачот копнее за деновите „пред животот да ја избрише целата невиност“, каде што тој радосно би танцувал со неговиот покоен татко пред да биде однесен во кревет.

13. Beyonce, Daddy

Бијонсе се присетува на нејзините најдраги спомени кога била татино девојче. Таа помни дека биле неразделни кога тие двајца ќе возеле заедно велосипед и исто така се навраќа на разочарувачкото прифаќање кога прв пат се тетовирала. Сега, порасната, таа сè уште вели дека „тој е човекот во нејзиниот живот кој не може да се замени.“

14. Keith Urban, Song for Dad

Оваа австралиска ѕвезда верува дека имитацијата е најискрената форма на ласкање. Додека повеќето се плашат дека ќе се претворат како нивните родители, Урбан ги прифаќа сите мали нешта како што е „тропкањето со прстите по масата во ритамот на мојата душа“ или пак „тропкање со клучевите од колата кога е подготвен да замине“, а ова го потсетува на својот татко. Како што расте, Урбан се надева дека ќе види многу повеќе од неговиот татко кај себе.

15. Reba McEntire, The Greatest Man I Ever Knew

Согледувајќи го текстот, најголемиот човек кој таа некогаш го познавала е татко ѝ кој секогаш бил покрај неа. Иако честопати бил отсутен од нејзиниот живот, љубовта која пејачката ја добила од нејзиниот татко била неискажана, но изразена преку жртвите кои тој ги направил за неговото семејство. Жалејќи, таа вели „Тој никогаш не ми кажа дека ме сака. Претпоставувам дека мислеше дека знам.“

16. Stevie Wonder, Isn’t She Lovely

За Стиви Вондер татковството е голема работа. Тој пее со радост за неговата ќерка Ајша: „Не можам да поверувам што направи Бог. Преку нас тој создаде живот, зар таа не е прекрасна направена од љубов.“

Преминете на последната страница за останатите песни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар