25-те најдобри композитори во историјата - Part 2

25-те најдобри композитори во историјата

14. Димитри Шостакович

Оригинално советскиот композитор се соочил со проблеми со комунистичката влада поради една негова опера. Бил прогласен за непријател на луѓето. Неговата музика била забранета речиси 30 години.

15. Рихард Вагнер

Германскиот композитор од 19-тиот век најчесто пишувал опери. Тој стои зад најпознатото оперско ремек-дело во историјата – „Прстенот на Нибелунг“.

25-те најдобри композитори во историјата

16. Ѓреѓ Лигети

Композиторот од Унгарија ги изгубил татко му и брат му во Холокаустот и бил роб пред да избега од комунистичкиот режим. Се истакнува од останатите поствоени европски авангардни композитори и го напишал „Реквием“, ремек-делото кое е употребено во филмот на Кјубрик „2001: Вселенска одисеја“ (2001: A Space Odyssey).

17. Јохан Себастијан Бах

Германскиот композитор од 19-иот век го усовршил секој музички стил што постоел во негово време. Малку композитори можат да се мерат со неговите вештини и генијалност.

18. Волфганг Амадеус Моцарт

Роден во Австрија во 1756-та година, Моцарт бил музичко чудо од дете и можел да ја научи секоја песна за 30 минути. Првата опера ја напишал кога имал само 11 години. Дури и векови подоцна, неговата музика се слуша и се цени.

19. Џон Вилијамс

Ова е композитор на кој не му е потребно претставување. Тој е одговорен за некои од најпрепознатливите музички дела во историјата. Тој ја напишал музиката за еден од најпознатите филмови на денешницата – „Војна на ѕвездите“ (Star Wars)

20. Александар Скрјабин

Рускиот композитор бил роден во 1872-ра година со синестезија, ретко ментално нарушување каде што личноста ги поврзува боите со музика. Во текот на неговата кариера напишал пет симфонии, а неговиот стил често се менувал и еволуирал.

25-те најдобри композитори во историјата

21. Стивен Шварц

Модерниот композитор го нашол неговиот успех на Бродвеј и во Холивуд. Неговиот мјузикл заработил околу 50 милиони евра во првата година, а соработувал и со неколку мјузикли од Дизни.

22. Игор Стравински

Ако имате време, слушнете ја „Посветување на пролетта“ и ќе ја разберете генијалноста на Стравински. За време на нејзината премиера во 1913-та година, луѓето биле толку разочарани од недостатокот на хармонија и ритамот на песната, како и фактот дека приказната е за млада девојка која танцувала до нејзината смрт, што започнал најпознатиот бунт во историјата на Франција.

23. Бела Барток

Унгарското чудо од дете научило да свири пијано на 10 години. Некои велат дека тој бил првиот голем етномузиколог, личност која ги проучува разните култури и нивната музика.

24. Енио Мориконе

Мориконе е композитор кој пишувал музика за сите музички жанрови. Иако немал дело успешно како она на Џон Вилијамс за „Војна на ѕвездите“, сепак е нарекуван најуспешниот композитор на филмска музика.

25. Ендру Лојд Вебер

Кариерата на најуспешниот и најпопуларниот композитор во историјата кулминирала во 1986-та година со премиерата на „Фантомот од операта“. Во 27-те години од нејзиното постоење, „Фантомот од операта“ заработила над 5 милијарди евра и е изгледана од над 130 милиони луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    А Моцарт го оставивме пред врата да чека а? Ејјјјј ало

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Моцарт е на втората страница, нема шанси некој да го заборави него 🙂

  2. Ostarr Reply

    Interesy! ))

  3. Black Horse Reply

    Без Hans Zimmer реални сте ????

Остави коментар