12 музички изведувачи кои отворено ги мразат своите најголеми хитови
7. Beastie Boys: (You Gotta) Fight For Your Right (to Party)
Оваа песна се слуша и денес, но членовите на бендот изјавиле дека сакале да направат пародија, а не химна за забави. Сепак тие успеале да се докажат како успешни изведувачи во наредните години.
8. Џејмс Блант: You’re Beautiful
Изведувачите обично едвај чекаат да го слушнат нивниот хит на радио. Но, кога песната на Џејмс стигнала до овде, тој едвај чекал да престанат да ја пуштаат. Иако ова е песната која го прослави, тој смета дека претерале со нејзиното пуштање.
9. Мајли Сајрус: Party in the USA
Кога излезе оваа песна, веднаш стана летен хит. Но, Мајли тврди дека многу созреала како артист од тогаш па ова дефинитивно не е нејзината омилена песна.
10. Warrant: Cherry Pie
Оваа песна веднаш станала хит, но бендот не работел многу на неа. Тие сакале да направат нешто многу подобро. Фактот дека оваа песна е нивното наследство засекогаш ќе ги прогонува.
11. Radiohead: Creep
Том Јорк бил многу јасен за неговите чувства во врска со оваа песна, исто како и остатокот од бендот. Тие изјавиле дека додека ја снимале песната им изгледала премногу нежна. Гитаристот толку многу ја мразел мелодијата што се обидел да ја уништи со тоа што свирел погрубо за време на снимањето. Сепак, и тие делови останале во песната.
12. Led Zeppelin: Stairway to Heaven
Ова е можеби најслушаната песна на сите времиња. Кога го прашале Роберт Плант што мисли за неа, тој изјавил:
„Ќе се распаднам ако треба да ја свирам таа песна на секоја свирка.“