10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња
6. Public Enemy – Fear of a Black Planet (1990)
Оваа група се смета за најинтелигентната и политички најактивна хип-хоп група. Но токму ова ги направи мета на контроверзија. Имиџот на бендот претрпел многу кога професор Гриф почнал да дава антисемтиски изјави во интервјуата.
7. Sex Pistols – Never Mind the Bollocks, Here Are the Sex Pistols (1977)
Sex Pistols се вистинско олицетворение на панк движењето. Иако нивната музика не била револуционерна, бендот со нивните зборови, дела и гестикулации беше обвинуван за анархија, провокација и остроумност.
8. Cannibal Corpse – Tomb of the Mutilated (1992)
Cannibal Corpse е најпродаваниот дет метал бенд на сите времиња. Од сите нивни албуми, овој се смета за најбрутален и најмрачен. Музиката е потехничка и „злобна“, текстовите поморничави, а сликата на албумот е застрашувачка.
9. Мадона – Like a Virgin (1984)
Пеењето за сексот пред брак било доволно за контроверзија во 1980-тите. Во тој период сексот бил табу и дебатата била дали песната на Мадона треба да се пушти на радио. Но, контроверзиите не запреле овде. Перформансите на Мадона предизвикале критики поради нејзиното непристојно однесување на сцена.
10. Slayer – Reign in Blood (1986)
Содржината и бруталноста на овој албум го шокира светот. Албумот означи нов пат за треш металот кршејќи ги дотогашните стандарди. Правејќи го поагресивен, се појавил нов правец во металот – дет метал. Песните се вистинска луда железница до длабочините на темнината.
Знаете ли кои познати песни се направени според ужасни злодела?