Кога станува збор за љубовта, малите деца се секогаш директни. Никогаш не се воздржуваат и ги кажуваат работите токму такви какви што се. Токму затоа, погледнете ги советите на три мали преслатки момчиња. Верувајте дека нема да ве разочараат!
Според овие мини експерти за љубовта, за да разговарате со некоја девојка „Треба само да направите 2 бебешки чекора“. А што се однесува до тоа како да импресионирате девојка „Само сетете се да подарите цвет, ОК? Не сакате да ја налутите, а знаете колку женските сакаат цвеќиња“.
Погледнете го целото видео за да дознаете која е најголемата предност кај машките, дали треба да ги поделите вашите пуканки во кино и дали навистина подобро е да биде убава отколку паметна. Ќе се изненадите од тоа колку добро ги познаваат овие работи!