Џентлмени – загрозен вид во изумирање

Џентлмени – загрозен вид во изумирање

Последен пат кога видов совршен џентлмен беше пред неколку години во филм, и тоа нему му било платено да глуми, а Бог знае каков е во реалноста. Имам прашање: Каде се џентлмените? Се кријат негде, зафатени се или се во мнооогу мал број? Поточно, јас би рекла дека се толку ретки, речиси во истребување. Зарем никој повеќе не отвора врата од кола, не помага во носењето на тешките ќеси, каде се оние кои им даваат предност на припадничките на „понежниот“ пол?

Џентлмени – загрозен вид во изумирање

Вистина е дека модерните жени се залагаат за еднаквост меѓу половите, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Моето его нема да биде повредено ако некој ми отвори врата и ми дозволи да влезам прва. Тоа не го прави бидејќи јас не сум способна да си ја отворам вратата, туку тоа е знак на внимание. Како што ние можеме да бидеме женствени, вие истакнете ја машкоста!

Ми недостигаат сите оние ситници кои одат во „пакет“ на совршениот џентлмен, не сакам да го гледам само на филм. Некогаш дури ми се јавува желба да можам да се вратам во времето, да си живеам во Англија во 19 век, и да уживам во друштво на прав џентлмен. Чудно, во денешно време, оној кој изгледа како џентлмен го прави тоа со некоја „задна“ намера и некаква цел.

Па не мора да имаш никаква, ајде да речеме, корист од девојката или жената на која ù помагаш. Можеш едноставно да го направиш тоа добронамерно, ама како што тргнале работите, новиве генерации зборот „џентлмен“ ќе го пребаруваат во речник. Зошто мажите знаат да бидат џентлмени само на првиот состанок и на наредните неколку (некои дури ни тогаш). Секоја чест на исклучоците! На оние кои знаат дека не си „папучар“ ако си вистински џентлмен кон својата девојка, мајка, пријателка…

Зошто да не ѝ дозволиш на жената да влезе пред тебе во автобусот, или да ù отстапиш седиште, што ќе ти се случи? Или можеш да ù помогнеш на старата женичка која се витка носејќи ги ќесите. Тоа веќе се граничи со нивото на култура, кое во нашето општество е многу ниско. Не сакам да бидам една од оние мрчаторски настроени луѓе, не мислам дека сè тргнало „по ѓаволите“, ама со недостигот на џентлмени не можам да се помирам!

Кога последен пат јас и Ена буквално се влечевме по улица носејќи го тешкиот багаж, помина група момчиња и само нè одминаа. Паметам кога пред извесно време излегов на состанок и типов ко од пушка порача прв. Добро, си кажа човекот, ама олабави малку, никој не ти го зема пијалокот, ќе се најадеш и ќе се напиеш, наспроти тебе седи дама. Па свесни сте колку плус поени добивате со џентлменски гестови? Оние кои се свесни, само го злоупотребуваат тоа и ништо повеќе, џентлменското кај нив не трае долго.

ОК значи, официјално распишуваме оглас за џентлмени:

Се бараат вистинските џентлмени, оние ретките останати, со добри намери, силен карактер, желба за помош и оние кои поседуваат сè што содржи „џентлменскиот пакет“. Јавете се, не се кријте, слободно излезете по улиците, зашто сте толку ретки, што за нас дамите претставувате вистинска премија!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Миле Reply

    Како да има прави џентлмени,кога женските се борат за рамноправнос со мазите,некој феминизам.
    Рамноправност во све… Џенталмените “умреа” заедно со рамноправноста.

    • Waldorf Reply

      Миле, мислам дека коментарот не ти е на место!
      Има разлика помеѓу МАНИРИ и РАМНОПРАВНОСТ !
      Што туку ги мешате овие два поими кога врска немаат еден со друг?!

  2. Елена Reply

    Денес џентлмените се рамнат со “папучарите” што е навистина тажно.

  3. Demonic Reply

    Јебешга, се залагавте/ме за рамноправност, сметавте/ме дека сте доволно способни физички и психички да бидете рамо до рамо со машките, па така сега, сами ќе си ги влечете тешките кеси.
    Мене ми е многу криво што денес не постои женственост и дамско однесување, како и џентламенство, ама тоа се подразбира по рамноправност на половите. Да се нема никава разлика помеѓу нив.

    • Ана Reply

      Prijatele ne e poentata vo toa dali jas mozam ili nemozam sama da si go nosam kuferot tuku vo gestot, a vo recnikot na eden dzentlmen ne postojat termini spomnati vo tvojata izjava.

  4. george Reply

    postarata generacija i imase nekakov smisol da mazot bide gentlamen bidejki devojkite bea vistinski, poglednete ja sega situacijava mladite devojki ke te siluvat kade stasat vo koj smisol go barate gentlamenot?

  5. Tanja Reply

    Zarem dzentlmen e covek koj ke mi ja otvara vratata?! Ili ke mi sipa pijacka?! Ili ke mi gi nosi teskite kesi?! Zalosno e kolku pogresno se tolkuva ulogata na dzentlmen… Toa bi trebalo da e covek koj znae da pocituva, da vrednuva, da saka…

    • Јелена Reply

      тебе девојче, изгледа дека не те научиле дека луѓето се покажуваат со дела, а не зборови. Со среќа нека ти е со некој мочко што ќе ти симнува ѕвезди додека ти мкнеш торби од пазар. Ако преку нечија помош, поддршка и поделување/целосно преземање на некои обврски не можеш да видиш почит, тогаш си слепа при очи.

  6. Александар Reply

    Не се изумрени… јас сум жив доказ! 😀

  7. Aleksandar Reply

    ima zeni koj toa znaat da go zloupotrebat … demek eve pi*ka ipol sum :/

    • Waldorf Reply

      Да, а ти со тој речник што го имаш, се гледа од месечина колку голем џентлмен си.
      Не дај Боже! -.-

  8. АсдАсд Reply

    Ех жени, да знаете нас како ни е кога бараме дами, веќе изумрен вид.

  9. Mario Reply

    Да бидеме реални малце. Веќе не постојат ни вистински Дами, за кои вреди да си џентлмен.

  10. Дијана Reply

    Навистина е жалосно да се смета за кој знае колку добар гест или придобивка отварањето на врата од кола, ставањето пијачка или носењето тешки кеси. Луѓето никако да го сфатат и разграничат е рамноправноста (а не еднаквоста) меѓу половите. Значи рамноправноста е спротивна од нерамноправноста, барањето за рамноправност меѓу половите не значи дека се бара мажите да станат жени и обратно, туку значи дека се бара на двата пола да им бидат дадени еднакви шанси и можности. И вниманието и почитта кон другиот пол не се покажува исклучиво и едниствено со овде наведените “џентламенски“ гестови, дури мислам дека и тие што се тука наведени се најмалку важни, воопшто не се суштински, ниту пак придонесуваат кон рамноправност. Констатацијата дека денешните ’џенталмени’ се толку ретки е тотално неточна (уствари можеби е и точна со оглед на тоа како таа што го пишувала текстот го мери ’џенталемнтсвото’), се повеќе се бришат разликите помеѓу традиционално определените родови улоги и се повеќе мажи работат и ’женски работи’ (ако веќе морам тоа и вака да го кажам, иако мислам дека работите не зависат од полот). Меѓутоа самите жени треба да бидат свесни дека со барањето едниствено на вакви гестови не можат да се надеваат на целосна рамноправност.

  11. me Reply

    Душо, додека тражиш џентлмени запрашај се прво колку денес жените се дами?! Џентлмен покрај ефтина фуфица – не оди. Додека пак вистинската дама самата ќе најде џентлмен, всушност покрај вистинска дама мажот сам би се потрудил таа да се чувствува магично, женствено, се разбира не секој маж би се однесувал така но тогаш што бара жената со таков мачо мен?
    А кога веќе ги спомна бабите и тешките кеси, тоа не е обврска само на машкиот пол, туку на сите нас 😉

  12. баже Reply

    Ако си ова наведеново у македонија ке те сметаат за папучар,она ке те смета за лигуш или па дека го праиш тоа све за да ја легнеш…затоа дур има таков болен менталитет кај народов и кај жениве нема да има џентлмени.Фала, чао

  13. Jac Reply
  14. Тој Reply

    Прво џентлмени сеуште постојат, второ го поддржувам текстот на авторката дека тие се во изумирање. Еве јас како маж кој ги почитува жените и кој воопшто не е против џентлменството, туку и го поддржувам ја прашувам авторката: – Зошто се случува тоа??? И тоа ќе Ви го одговорам. Во денешно време 90% од девојките не ги гледаат манирите на посилниот пол, туку гледаат само колку пари, какви коли, колку куќи или станови има, дали работи во банка или има свој бизнис едноставно џентлмените не исчезнуваат од рамноправноста туку од борбата за богато мажење.

  15. :) Reply

    Не ни го дочитав текстот, слободно врати се во 19-тиот век 🙂
    А машкоста нормално во кревет ….

  16. saso Reply

    Tocno deka malku ima dzentlmeni,a dami uste pomalku :)))

  17. миличка Reply

    Незнам зошто девојките секогаш критикуваат како не постојат џентлмени како машките се вакви, такви ,онакви а не ставаат прст на глава да се запрашаат чекај какви сме ние, но ние не сме виновни за тоа виновно е нашето општество немаме никаква култура ни почит спрема родителите а не пак спрема другите се сложувам со коментартот на сашо дека има малку џентлмени а дами уште помалку

Остави коментар