По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате
7. „Ана Каренина“ (Anna Karenina) од Лав Толстој
Најголемата љубовна приказна на сите времиња. Оваа книга послужила како инспирација на безброј театарски и филмски адаптации. До ден денес, делото на Толстој нема изгубено ни малку од својата неповторлива магија – магија на страста која истовремено е возвишена и слепо деструктивна.
8. „Војна и мир“ (War and Peace) од Лав Толстој
Приказна од епски размери која на реалистичен начин ги претставува сите детали од животот во Русија и Европа за време на наполеонските војни. Толстој детално ги опишува сите моменти од бојното поле, но и од секојдневниот живот во Русија во 19 век. Романот обработува низа различни теми меѓу кои должноста спрема татковината, љубовта и местото на човекот во историјата.
9. „Буденбркови“ (Buddenbrooks) од Томас Ман
Исто така позната и како „Распадот на една фамилија“, книгата го опишува животот на 4 генерации од богата и позната трговска фамилија која живеела во германскиот град Либек. На прв поглед, оваа книга делува како пример за германските традиционални вредности, но се работи за приказна која зборува за љубовта и предавството, интригите, очајната страст и силната омраза.
10. „Браќа Карамазови“ (The Brothers Karamazov) од Фјодор Достоевски
Станува збор за најкомплексниот и најконтроверзниот роман на Достоевски. Честопати го опишуваат како детективска приказна за интелектуалци, ран пример за пост модернизам или едноставно како најдобрата книга досега која се занимава со енигматичната руска душа.
11. „Оркански височини“ (Wuthering Heights) од Емили Бронте
Кетрин лудо се вљубува во нејзиниот братучед, но гордоста и желбата за богатство ја доведуваат до тоа да се омажи за богат човек. Но, таа не сака да го остави нејзиниот таен љубовник. Забранетата врска е проклета и мачна и за двајцата. Станува збор за живописна и реалистична приказна која го опишува животот во рурална Англија со сите нејзини предрасуди, прикриен неморал, страсти и животна драма.
12. „Американецот“ (The American) од Хенри Џејмс
Оваа книга ни ја раскажува приказната за наивниот и искрен милионер од Америка кој се обидува да се ожени во лицемерна и нелојална француска аристократска фамилија. Книгата ги истражува разликите помеѓу американскиот и европскиот менталитет, што доведува до различна интерпретација на некои работи како предавство, додворување, морална слобода и однесување во рамките на општествените норми и граници.