По една книга за секоја декада: Откријте што треба да читате според вашата возраст - Part 2

По една книга за секоја декада: Откријте што треба да читате според вашата возраст

Од 50 до 59 години: „Светлоста на јогата“ – Б. К. С. Ијенгар (Light on Yoga)

Емоционалното задоволство не е единствениот дел од стареењето. Физичкото здравје исто така е значајно. Библиотекарите ја препорачуваат оваа книга затоа што таа може да им помогне на луѓето да останат здрави како што доаѓаат годините каде што тие повеќе седат. За да ја победат ваквата состојба, тие треба да научат неколку пози кои треба да ги повторуваат секое утро или навечер.

Препорачани книги кои треба да ги читате во зависност од тоа во која декада од животот се наоѓате

Од 60 до 69: „Тешко е да се најде добар маж“ – Фланери О’Конор („A Good Man is Hard to Find“)

Првично објавена во 1953-та година, за оваа книга сѐ уште постоела заинтересираност кај пензионерите. Таа е збирка кратки раскази кои даваат поглед во секојдневниот живот, со љубопитност, но и разделби. Како што стареат луѓето, така тие почнуваат да гледаат на нивните и на животите на другите, со сличен начин на размислување. Сопствената смртност почнува да биде во фокусот, а малите трагедии може да почнат да изгледаат добри.

Препорачани книги кои треба да ги читате во зависност од тоа во која декада од животот се наоѓате

Од 70 до 79 години: „Случаен универзум: Светот што мислевте дека го знаете“ – Алан Лајтман (The Accidental Universe: The World You Thought You Knew)

Подобро доцна отколку никогаш да не испитате сѐ што мислевте за светот во кој живеете. Библиотекарите ја препорачуваат оваа книга бидејќи новите и тешки мисли не треба да ги ограничуваат младите и тие советуваат да ги прошират своите хоризонти.

Препорачани книги кои треба да ги читате во зависност од тоа во која декада од животот се наоѓате

Од 80 до 89 години: Сликовници

Многу работи не се важни по поминат и исполнет живот со успех, наоѓање љубов, лекување емоционални рани и сретнување пријатели. Сликовниците ќе ги потсетат луѓето дека радоста, заедничките моменти и прифаќањето, честопати се најважните работи во животот.

Препорачани книги кои треба да ги читате во зависност од тоа во која декада од животот се наоѓате


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Батко Ѓорѓија Reply

    Од приложеново се глeда дека авторот препорачува литература САМО на еден јазик и САМО една (западна) култура. Па, се прашувам: Дали авторката на памфлетот се труди да поработи на заробувањето на умот на потенцијалните читатели… или – едноставно – се работи за зaробен ум…

Остави коментар