Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани - Part 2

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

6. „Непоканетиот: Вистинска приказна за куќата врескачка во Јунион“ (The Uninvited: The True Story of the Union Screaming House) од Стивен А. ЛаШанс

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Кога ЛаШанс и неговото семејство ја нашле совршената куќа во Јунион, Мисури, веројатно не очекувале дека ќе треба да се грижат и за други работи освен за реновирањето на кујната и дневната соба. Наместо да местат нови плочки, тие се соочувале со еден куп демони кои не биле премногу гостопримливи кон странци. Иако тие успеале да побегнат, кога наредната сопственичка го контактирала ЛаШанс и побарала помош, тој се чувствувал обврзан да ја спаси од истото зло кое го истерала неговото семејство од куќата. Иако ова се смета за вистински случај на опседнатост со демони, слободно можете да ја читате книгата како фикција, ако сакате да заспиете.

7. „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“ (The Srange Case of Dr. Jekyll and Mr. Hyde) од Роберт Луис Стивенсон

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Приказната на Стивенсон за човек кој може кога сака да се претвори во чудовиште за анонимно да ужива во неговите пороци, можеби не е сосема точната биографија на Дикон Броди. Но, таа навистина била базирана на двојниот живот на овој Шкотланѓанец, кој истовремено бил почитуван граѓанин и криминалец. Преку ден, Дикон Броди поправал брави во Единбург, а навечер провалувал во куќите на богатите и ги ограбувал. Парите што ги крадел ги трошел на проститутки и на коцкање. Тоа е можеби лошо, но не е толку страшно како во приказната на Стивенсон каде докторот се претворал во ужасното, крвожедно чудовиште господин Хајд.

8. „Куќава е опседната: Истрагата на полтергејстот во Енфилд“ (This House Is Haunted: The Investigation of the Enfield Poltergeist) од Гај Лион Плејфер

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Полтергејстот во Енфилд е познат, документиран случај на опседнатост во Енфилд, Лондон. Забележани се чудни звуци, предмети кои сами се поместуваат, мали девојчиња кои лебдат и слични други паранормални активности. Книгата ја напишал еден од вистинските детективи кои истражувале и тој се обидел да докаже дека појавите навистина биле натприродни. Дали ќе ве убеди, останува на вас.

9. Опседнувањето на куќата на Сали: Вистинска приказна (The Sallie House Haunting: A True Story) од Дебра Лин Пикмен

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Кога веќе имате дух дома, добро е сѐ додека се работи за друштвено мало девојче, нели? Можеби, но треба прво да бидете сигурни дека навистина се работи за духот на друштвено мало девојче. Кога едно семејство ќе се всели во нов дом и ќе почне да чувствува присуство на натприродни сили, сопругата е убедена дека се работи за детски дух и не гледа причина зошто да го истерува. Меѓутоа, „детето“ почнува да станува насилно и како што опседнувањето станува поекстремно, брачниот пар почнува да се сомнева дека нешто многу помрачно го контролира нивниот дом. Наводно, станува збор за вистински случај, а наравоучението е: Не обидувајте се да се спријателите со духови.

10. „Дибуковата кутија“ (The Dibbuk Box) од Џејсон Хакстон

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Наречена по името на духот кој наводно живее во неа, Хакстон почнал да забележува чудни појави во неговиот дом откако ја добил оваа кутија. Хакстон ги изнесува и двете страни на приказната: Дека станува збор за нешто натприродно, но и дека е обична измама. Во зависност од тоа дали верувате во духови, можете да ја читате книгата како страшна приказна или како исмевање на лажните приказни за духови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар