7 романтични книги кои вреди да ги прочитате оваа зима - Part 2

7 романтични книги кои вреди да ги прочитате оваа зима

4. „Мажот кој го сакам“ – Суен Лакер (The Man I Love)

(4) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

Не само што оваа приказна ги има сите одлики на љубовта, туку почнува и со трагично пукање во едно училиште. Погледнете како љубовта, справувањето и менталната болест влијаат на група пријатели после насилство.

5. „Светот не е фабрика за исполнување желби“ – Џон Грин (The Fault in Our Stars)

(5) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

Тргнете го филмот настрана, бидејќи оваа книга навистина ќе ве уништи. Ова е приказна за двајца млади луѓе кои се вљубуваат, но и се борат со смртоносна болест. Приказната навистина им дава перспектива на животот и љубовта, особено кога ќе сфатите дека времето не е на ваша страна. Имајте на ум дека многу ќе плачете.

6. „Види ме“ – Николас Спаркс (See Me)

(6) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

Ако сè уште не сте запознаени со магијата на пишување на Николас Спаркс, време е да го направите тоа. Неговите приказни секогаш нè ставаат во ситуации кои можат да се случат секому. Во оваа книга дознајте што ќе се случи кога двајца луѓе неочекувано ќе се сретнат и откријте како се развива нивната љубовна приказна.

7. „Еленор и Парк“ – Реинбоу Ровел (Eleanor & Park)

(7) 7-romantichni-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk

И во оваа книга ќе се вратите на лудите искуства за време на вашата прва љубов. Многу често првата љубов не трае долго, но не ги забораваме моментите од таа еуфорија. Зачекорете во приказната на едно дуо кое е соочено со стравот од првиот пат, иако и двајцата се доволно паметни да знаат дека тоа нема да трае.

Изгледа дека книгите имаат моќ да ја испратат нашата фантазија во некоја друга димензија. Оваа зима сместете се удобно, набавете некоја од книгиве и подгответе се за многу емоции.

Ако пак романтичните книги не се за вас и сакате мал предизвик, погледнете ги 8-те најкомплицирани книги што вредат да се прочитаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар