7 прекрасни збирки кои ќе ве натераат да се вљубите во поезијата - Part 2

7 прекрасни збирки кои ќе ве натераат да се вљубите во поезијата

4. „Сонцето и нејзините цвеќиња“ (The Sun and Her Flowers) – Рупи Каур

(4)7-zbriki-koi-kje-ve-nateraat-da-se-vljubite-vo-poezijata-kafepauza.mk

Не постои листа со добра поезија на којашто не се наоѓа Рупи Капур. По неговата колекција „Млеко и мед“ (Milk and Honey) која беше бестселер, „Сонцето и нејзините цвеќиња“ го претставува созревањето и закрепнувањето откако ќе изгубите дел од себе. Овие поеми се навистина необични, а во збирката се вклучени и илустрации според стиховите кои ќе ви го задржат вниманието.

5. „Сакај ја диво“ (Love Her Wild) – Атикус

(5)7-zbriki-koi-kje-ve-nateraat-da-se-vljubite-vo-poezijata-kafepauza.mk

Атикус е вистинска Инстаграм сензација, а ова дело е фантастична збирка од поеми. Збирката е поделена на 3 дела: „Love“, „Her“ и „Wild“. Поемите ги прикажуваат најситните моменти од љубовта како да се најнеобичните нешта кои ни се случуваат. Читањето на овие поеми ќе ве натера да помислите на личноста чиј поглед сте го украле во автобусот или пак на љубовта на вашиот живот.

6. „Магијата во која се претвора моето тело“ (The Magic My Body Becomes) – Џес Рискала

(6)7-zbriki-koi-kje-ve-nateraat-da-se-vljubite-vo-poezijata-kafepauza.mk

Оваа збирка ќе ве натера да го критикувате она што го сметате за „арапско“ или „американско“ и ќе ви помогне да ги поврзете двата поима. Поемите ја прикажуваат генерациската поделба помеѓу тоа да бидете либански Американци, линија по која се движи Џес, но не се чувствува ни како едното, ни како другото. Ова е неверојатно четиво кое ќе ве натера да го разберете светот во кој живее Џес, а ќе посакате и вие да живеете таму.

7. „Обичен ѕвер“ (Ordinary Beast) – Никол Сили

(7)7-zbriki-koi-kje-ve-nateraat-da-se-vljubite-vo-poezijata-kafepauza.mk

Оваа збирка ги исполнува сите очекувања кои кружат околу неа. Поемите на Сили ги прикажуваат расните врски во Америка преку глас кој ни дава јасност, разбирање и надеж. Поемите се навистина реални и ранливи така што веднаш се поврзувате со нив. Некои толку ќе ве погодат што ќе ви биде потребно време за да продолжите со читање. Ако сакате да прочитате само една збирка од листава, тогаш одберете ја оваа.

Прочитајте и дел од необјавената поезија на Мерлин Монро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар