15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Гудридс
6. „Најдобрата божиќна церемонија на сите времиња“ – Барбара Робинсон (The Best Christmas Pageant Ever)
Што ќе се случи кога најлошите деца во историјата на светот ќе ја преземат божиќната церемонија во нивниот град? Следуваат смешни и интересни „злодела“.
7. „Празници на мраз“ – Дејвид Седарис (Holidays on Ice)
Никој не знае да пишува за празниците како Дејвид Седарис. Оваа колекција есеи има извадоци од дневникот на елфот Мејси, а раскажува и за тајниот план на Дедо Мраз кој тргнал на лошо. Ова забавно четиво е одличен избор за возрасните кои сакат да се насмеат.
8. „Книгата со предизвици на Деш и Лили“ – Рејчел Кон и Дејвид Левитан (Dash & Lily’s Book of Dares)
Во оваа празнична романса, една тетратка полна со предизвици спојува двајца необични тинејџери. Но дали кога конечно ќе се сретнат во живо ќе се поврзат како нивните напишани верзии?
9. „Божиќната кутија“ – Ричард Пол Еванс (The Christmas Box)
Ова е првиот дел од празничната трилогија и ја раскажува приказната за вдовица и младо семејство кое се преселува со неа. Заедно тие ја откриваат причината за празниците и вистинскиот божиќен дух.
10. „Подарокот од мудрецот“ – О. Хенри (The Gift of the Magi)
Малку книги ја доловуваат суштината на празниците како класиката на О. Хенри. Ова е приказна за љубовта, давањето и несебичноста. Книгата е задолжително четиво за секој Божиќ.
Продолжува на следната страница…