15 книги кои биле забранети од смешни причини - Part 2

15 книги кои биле забранети од смешни причини

6. Алиса во Земјата на Чудата – Луис Карол (Alice’s Adventure’s in Wonderland – Lewis Carol)

(6)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Детската класика на Луис Карол која раскажува за девојче кое се среќава со еден фантастичен свет била забранувана поради многу причини, и тоа секоја посмешна од претходната. САД ја забраниле во 1960-тите бидејќи печурките и наргилето во книгата ја рефлектирале културата на дрогата во таа ера. Подоцна, во 90-тите, била забранета во Њу Хемпшир бидејќи промовирала сексуални фантазии и мастурбација. Кинезите ја забраниле во 30-тите поради разговарањето со животните, а тие сметале дека било катастрофално животните и луѓето да се ставаат на исто ниво.

7. Фаренхајт 451 – Реј Бредбери (Fahrenheit 451 – Ray Bradbury)

(7)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Оваа дистописка книга раскажува за општество каде што сите идеи се потиснати и сите книги се нелегални. Книгата била забранувана повеќе пати од нејзиното издавање во 1953 година. Родителите во Мисисипи се погрижиле книгата да биде тргната од листите за читање бидејќи го содржела зборот „Проклетство!“ Други ја имаат критикувано поради нејзината сомнителна тема.

8. Каде е Валдо? – Мартин Хендфорд (Where’s Waldo? – Martin Hanford)

(8)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Што е навредливо во оваа книга? Е па, некои тврдат дека навидум невините илустрации во кои читателите треба да го пронајдат главниот лик се несоодветни и содржат заводнички скриени детали.

9. Волшебникот од Оз – Л. Френк Баум (The Wonderful Wizard of Oz – L. Frank Baum)

(9)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Оваа книга за деца е можеби едно од најпознатите литературни дела и е инспирација за многу мјузикли, филмови и безброј референции во уметничките дела. Како и да е, директорот на библиотеките во Детроит успеал да најде причина да ја тргне од полиците во 1957 година. Причината за ова било тоа што книгата немала никаква вредност за децата, промовирала негативност и детските умови ги симнувала на ниво на плашливост.

10. На запад ништо ново – Ерих Марија Ремарк (All Quiet on the Western Front – Erich Maria Remarque)

(10)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mk

Базирана на личните искуства на авторот додека бил војник за време на Првата светска војна, оваа книга го опишува војничкиот живот како и тешкотиите со кои се сочуваат ветераните кога се враќаат во цивилизацијата. Оваа книга се смета за една од најважните кои се напишани за Првата светска војна, па дури е и инспирација за истоимен филм кој е добитник на Оскар. За жал, објавена е само неколку години пред нацистичката влада да стапи на сила во Германија, па наскоро била забранета, а во многу случаи и изгорена. Причината веројатно бил лошиот приказ на германската воена сила.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Marina Reply

    Кај 10-та книга имате грешка во насловот, страшно до кое ниво на неписменост стигнавме. Се пишува ЗАПАД СО Д НА КРАЈ, А НЕ СО Т.

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Марина,

      Ви благодариме за забелешката, ни се провлекла ситна печатна грешка.

      Поздрав,
      Моника

Остави коментар