Мистериозни книги што дури и најголемите скептици ќе ги замислат! - Part 2

Мистериозни книги што дури и најголемите скептици ќе ги замислат!

6. Водич за психоделичниот истражувач (The Psychedelic Explorer’s Guide)

(6)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Овој водич е напишан од Џејмс Фадиман, најпочитуваниот американски авторитет за психоделични супстанци и нивната употреба. Тој објаснува дека овие супстанци имаат многу позитивни својства, вклучувајќи духовни и терапевтски и дека воопшто не создаваат зависност. Според оваа книга, и многу други, психоделичните супстанци не се толку лоши колку што нè тераат да веруваме.

7. Патување надвор од телото (Journey Out Of the Body)

(7)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Оваа луцидна рационална книга за астрално проектирање е најдобра од овој вид, и нема никаква врска со движењето од новата ера. Роберт Монро е бизнисмен со никаква религиска позадина кој наеднаш почнал да „излегува“ од своето тело. Тој посетил и лекар и психијатар кои му кажале дека кај него нема никаков проблем.

Затоа тој решил да ги документира своите искуства на научен начин, што резултирало со издавањето на оваа книга. Книгата е полна со неверојатни работи кои Роберт ги открил на своите патувања. Ако верувате во неговите тврдења, постои цело нефизичко царство кое нам не ни е познато.

8. Кибалион (The Kybalion)

(8)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Издадена во 1908 година, оваа книга е дело на „Тројцата иницијатори“ како резултат на 7-те древни херметички принципи. Принципите се големи тајни кои биле пренесувани усно, почнувајќи со Хермес Трисмегистус, кој наводно го добил знаењето од египетските богови. Тројцата иницијатори го опишуваат знаењето и принципите земајќи ги во предвид менталитетот и искуствата на човекот, и објаснуваат како да влијаете на искуствата и умот и да ги менувате според ваша волја.

9. Смарагдни плочи (The Emerald Tablets)

(9)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Со потекло од древен Египет, Смарагдните плочи би требало да се создадени од Тот, што се смета дека е уште едно име на Хермес Трисмегистус. Плочите нè учат на големи мудрости обвиени со метафора. Во ова дело не е важно буквалното значење на зборовите, туку нивната резонанса со душата. Ова дело исто така објаснува дека Големата пирамида во Гиза била направена од Тот кој користел метафизички техники.

10. Автобиографијата на еден Јоги (Autobiography Of a Yogi)

(10)10-misteriozni-knigi-koi-kje-posakate-da-gi-imate-kafepauza.mk

Ова е приказната за животот на Параманаша Јогананда, роден во Индија, и е неверојатна. Неговата свесност и искуство со духовното на многу мала возраст е за чудење. Параманаша сведочел многу чуда и со помош на неговиот господар успеал да допре до сеќавањата од неговиот минат живот.

Овде, тој ја открил причината за неговата духовност. Како и секоја книга што застранува од обичните искуства, и оваа автобиографија добила своја порција критики. Сосем е разбирливо тоа што луѓето од западот не веруваат во реинкарнација и чуда. Сепак, ако овој Јоги ја пишувал вистината, реинкарнацијата и метафизичкото царство се сепак повеќе од луди идеи.

Погледнете ги и препораките за книги од Хемингвеј.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Кате Reply

    Kолку добра статија. Само мала забелешка – tablets на македонски ќе биде плочи, а не таблети (тоа кај нас значи пилула,апче). Во секој случај пишувајте повеќе вакви работи.

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Кате,

      Ти благодариме за убавите зборови. И имаш право, правилно е плочи – се поправивме.

      Поздрав и убав ден

Остави коментар