10 древни изгубени книги кои ќе сакате да ги прочитате - Part 2

10 древни изгубени книги кои ќе сакате да ги прочитате

6. Првиот император на Кина и горењето на книгите

(6)10-drevni-izgubeni-knigi-koi-kje-sakate-da-gi-prochitate-kafepauza.mk

Околу 213 година пред нашата ера, Кин Ши Хуанг, првиот кинески император, наредил да се запалат сите историски книги и записи. Секој кој поседувал копија од овие книги бил принуден да ја запали. Некои сметаат дека целта на императорот била историјата да почнува со него. Во книгите кои се изгубиле овој период спаѓаат и дела на Конфучиј и неговите следбеници.

7. Текстовите Чарвака (Charvaka Texts)

(7)10-drevni-izgubeni-knigi-koi-kje-sakate-da-gi-prochitate-kafepauza.mk

Мислењето дека Индија отсекогаш била духовно место е предизвикано од древното филозофско училиште, познато како Чарвака. Ова училиште ги потценувало сите верувања на традиционалната индиска религија. Училиштето датира од седмиот век пред нашата ера. Тоа тврдело дека сè е направено од вода, воздух, земја и оган. Сè што не може да се почувствува со кое било од сетилата не постои. Рајот и пеколот се измислици и целта на религиите е да им овозможи убав живот на свештениците. Речиси сите текстови кои му припаѓале на училиштето се изгубени.

8. Етруско – Латински речник на Клавдиј

(8)10-drevni-izgubeni-knigi-koi-kje-sakate-da-gi-prochitate-kafepauza.mk

Векови пред Рим да стане доминантна сила, Етруските владееле со северниот дел на Италија. Знаеме дека нивната азбука е адаптација од Грчката, но нивниот јазик е вистинска загатка. Денес може само да ги изговараме нивните зборови, но нивното значење не е познато. Ако се пронајде изгубеното дело за етруската историја и култура, напишано од римскиот император Клавдиј, можеби мистеријата ќе се реши. До првиот век од нашата ера, етрускиот јазик бил речиси целосно изгубен. Клавдиј напишал книга од 20 дела која вклучувала и Етруско – Латински речник.

9. Хексаплата на Ориген

(9)10-drevni-izgubeni-knigi-koi-kje-sakate-da-gi-prochitate-kafepauza.mk

Хексаплата претставувала издание на Библијата од вториот век направено од грчкиот учител Ориген. Хексаплата дозволувала споредување на различни преводи на Библијата со тоа што имала 6 паралелни колони, и секоја била различна верзија. Изработката на ова дело траела 20 години, а крајниот резултат имал околу 7.000 страници. Денес постојат само малку фрагменти од ова џиновско дело.

10. Енциклопедијата Јонгл (Yongle Encyclopedia)

(10)10-drevni-izgubeni-knigi-koi-kje-sakate-da-gi-prochitate-kafepauza.mk

Кинескиот император Јонгл наредил да се издаде енциклопедија на која работеле илјадници луѓе. Енциклопедијата била завршена во 1408-та година и го содржела целото знаење на Кинезите. Резултатот бил огромно пишано дело од 22.937 свитоци, составени од 11.095 делови. Големината на ова дело ја направило секоја копија премногу скапа, па биле направени само три. Помалку од 400 делови преживеале до денес, а само околу 800 свитоци биле објавени, помалку од 4% од оригиналот.

Погледнете и кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар