Знаеш дека си зависник од кафе кога…
Автор: Ивана Грујоска
Знаеме која е препорачаната дневна количина на кафе, но еве неколку забавни показатели на зависност од овој секојдневен напиток со моќно дејство.
1. Имаш фотографија од твојата шолја за кафе на шолјата за кафе.
2. На докторот му треба научен дигитрон за да ти го измери притисокот.
3. Можеш да се фотографираш себеси на оддалеченост од 5 метри, без да употребиш тајмер.
4. Можеш да гледаш филм само ако е на fast-forward.
5. Киваш со отворени очи.
6. Детекторот за движење не може да те „фати“.
7. Можеш да напишеш 60 зборови во минута, и тоа со нога.
8. Добиваш казна за пребрзо возење и кога си паркиран.
9. На луѓето им се врти само од што гледаат во тебе.
10. Твоето ниво на нервоза го регистрира само Рихтеровата скала.
11. Забораваш да ги одвиткаш бонбоните пред да ги изедеш.
12. На инстант кафето му треба многу време да се направи.
13. Ја отвораш вратата пред некој да заѕвони на неа.
14. Му помагаш на кучето да си ја брка опашката.
15. Не се потиш – се цедиш!
* И најголемиот доказ дека си зависник од кафе: Стоиш мирно само кога има земјотрес.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.