Зимска љубовна приказна: Мачка се вљубила во нејзината греалка
Бусао порано била улична мачка и се претпоставува дека има околу 9 години. Нејзиниот сопственик редовно објавува фотографии од неа на Инстаграм и Фејсбук, така што мачката полека станува популарна не само во Јапонија туку и во целиот свет.
Но, Бусао не е свесна за нејзината слава, па така решила да ја помине целата зима на истото место: Стоплена и опуштена покрај нејзината омилена греалка. Сигурно и вие посакувате да можевте да го направите истото!
Не постои сомнеж дека љубовта на мачката кон оваа греалка е многу силна и непобедлива! Па, кои сме ние да судиме?! Мачките смеат да се вљубуваат во кого сакаат!
Доколку ги обожавате овие животинчиња, сигурно ќе ви се допаднат авантурите на една мачка претставени преку смешни илустрации.