Здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот

Здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот

Несомнено кафето и чајот се нашите омилени напитоци, чија употреба секоја година сè повеќе се зголемува. Тие се значаен дел од нашите животи, кои дури имаат и свој сопствен период од денот – кафе или чај пауза. Можеме дури слободно да кажеме дека ниту еден друг пијалак сè уште нема шанси да добие ваков вид посебен третман.Здравствени придобивки од кафето во споредба со чајотГолем број од луѓето не се свесни ниту за страшните последици, ниту пак за позитивните придобивки кои можат да произлезат од секојдневната конзумација на овие пијалаци. Но, сепак доволно е да имаме барем основно знаење со кое ќе можеме подетално да ги процениме нивните карактеристики и полесно да одлучиме кој е подобар и поздрав лично за нас.

Придобивки од кафето:

  • Истражувањата покажале дека оние кои редовно пијат кафе, имаат помали шанси за развивање Алцхајмерова болест.
  • Редовното конзумирање кафе може да го спречи развојот на срцеви болести.
  • Научниците сметаат дека одредени хемикалии кои се наоѓаат во кафето можат да помогнат при развивање  лекови за срцеви болести и за несоница.

Придобивки од чајот:

  • Белиот чај поседува висока концентрација на антиоксиданси кои имаат потенцијал да ја намалат брзината на стареењето.
  • Белиот чај може да помогне со прекумерената тежина. Откриено е дека тој ја спречува појавата на нови масни клетки.
  • Зелениот чај го намалува ризикот од рак на хранопроводот кај жените до 60%.

Факти поврзани со кафето и чајот:

  • Кафето го намалува ризикот при развивање на дијабетес тип 2, додека пак чајот помага при спречување на појава на дијабетес тип 1.
  • Кафето може да предизвика менување на бојата на забите, а чајот содржи флуроид кој ги заштитува.
  • Кафениот од кафето може да го зголеми ефектот на апчињата против болка, додека пак кофеинот од чајот предизвикува анксиозност и зголемување на крвниот притисок.
  • Кафето ја подобрува краткотрајната меморија и ви овозможува побрзо да реагирате во одредени ситуации.
  • И покрај тоа што сите веруваат дека чајот дехидрира поради кофеинот кој го содржи, сепак тој го прави токму спротивното.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар