Заблагодарете им на козите за кафето
Автор: Мирослава Симоновска
Кој би помислил дека козите се виновни за пронаоѓањето на вкусот што секое утро го буди светот?Според една распространета легенда, уште во 9-от век, едно козјо стадо во Етиопија, во местото Кафа, привлечено од жар црвената боја на плодовите, се доближило до грмушките кафе вкусувајќи го задоволството што ги расонува пилотите и доставувачите на пица.Овчарот што го чувал стадото, откако го забележал возбуденото однесување кај животните, ги однел плодовите во некој манастир кај група познати монаси. Тие ги свариле чудните „бобинки“ и го испиле напитокот, веднаш чувствувајќи ја возбудливата сензација. Од Етиопија, кафето се ширело до Египет и Јемен и до 15-от век стигнало до Персија, Турција и северниот дел од Африка.Денес, Бразил е лидер во извозот на кафе, а годишното производство е 110-120 милиони кесички. Магијата на ова „црно злато“, го обиколува светот со 50 билиони шолји, сварени во кафулињата и домовите. Секако, изворниот вкус ја задржува својата свежина поради тоа што зрнцата се чуваат во речиси вакуумска амбалажа и на ладно место.Кафето, после нафтата, е втор најизвезуван производ. По сé изгледа, козите „имаат нос“ за бизнис, нели?
ha ha ha interesna prikazna ne rekle za zabe starite dodeka si ziv se i seshto ke vidis i ke naucish. sekoja cest za kozite.
hmm nie kozite imame jaka intuicija ..mnogu sum gorda sto sum koza vo horoskop 😉