Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим - Part 2

Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим

6. Качете се последни во авионот

Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим

Ако сте резервирале лет во различно време со вашиот сопатник, постои решение за да седите заедно! Качете се последни во авионот. Кога сите патници ќе седнат, веднаш ќе можете да видите кои седишта се слободни. Вратата зад вас ќе биде веќе затворена и нема да влегуваат уште патници, па тоа ќе ви даде можност да го зафатите кое било слободно седиште.

7. Не пијте премногу алкохол

Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим

Стјуардите и стјуардесите предупредуваат дека една чаша на небото е исто што и две чаши на земјата. Ова е вистина, бидејќи висината има таков влијание на крвта што пиењето алкохол за време на летот ќе има поголем ефект на вас за разлика од оној кога сте на земја. Дури и да пиете само затоа што се плашите од летање, се изложувате себеси на ризик да станете премногу опуштени.

8. Одбегнувајте седишта со преграда

Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим

Запаметете го следново правило: Ако има патници со бебиња во авионот, најверојатно тие ќе ги зафатат седиштата со преграда. Тоа е така затоа што на ваквите седишта е полесно и побезбедно да се стави транспортер за бебе. Па, ако обожавате слатки соседи што викаат и плачат, знаете кое седиште да го одберете.

9. Пијте само вода од шише

Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим

Проблемот со нечиста вода на авионите привлече многу внимание по скандалозното истражување од 2002 година. Имено, било откриено дека бројот на бактерии во водата од 14 популарни авионски компании е 100 пати поголем од дозволената бројка. Денешната ситуација се нема многу сменето, па затоа најдобро е да пиете вода од шише кога сте во авион. Чајот и кафето направени со вода од чешма исто така треба да ги одбегнувате.

10. Воздржете се од давање аплауз на крајот од летот

Стјуардесите откриваат: 10 тајни за кои патниците немаат поим

Во некои земји, патниците му даваат аплауз на пилотот поради тоа што успеал да слета со авионот точно на авионската писта. Можеби луѓето на овој начин сакаат да ја искажат нивната благодарност и радост што стигнале дома безбедно, но авионскиот екипаж го смета овој гест за некултурен. Летот со авион не е рулет, тоа им е работа.

Прочитајте ги и овие 10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар