Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји - Part 2

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Живеење заедно пред брак

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Во Арапските Емирати постои строг закон што не им дозволува на луѓето да живеат заедно пред брак. Ако го направите тоа, може да ви дојде полиција и да завршите во затвор. Освен тоа, ако немате извод од матично, нема да можете да спиете во иста соба со вашиот партнер.

Прославување на Денот на вљубените

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Во Саудиска Арабија и Пакистан на луѓето им е забрането да го слават Денот на вљубените, затоа што тоа не е муслиманска традиција и се фокусира на љубов што не е насочена кон Бог. Картичките за Денот на вљубените, сите видови реклами и мемиња на Интернет се забранети во овие земји и се казнуваат со затвор. 4 града во Индонезија исто така се обидуваат да го воведат законот против славење на Денот на вљубените.

Јавно покажување љубов

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Бакнувањето во јавност може да ве воведе во неволја ако сте во Иран, Арапските Емирати, Катар, Пакистан и Орман. Во овие држави тоа се смета за општествено неприфатливо однесување и се казнува со затвор. Исто така, треба да одбегнувате да покажувате љубов во Индија, Индонезија и Тајланд.

Јадење во јавност

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

За време на светиот месец Рамадан, муслиманите не смеат ништо да јадат и пијат во текот на денот. Во Арапските Емирати, доколку јадете и пиете во јавност во текот на денот за Рамадан или го охрабрувате јавното пиење и јадење, може да завршите во затвор или да бидете казнети, дури и да не сте муслимани.

Навредување на кралот

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Одбегнувајте да го навредувате кралското семејство кога сте во Тајланд. Таму многу го обожуваат кралот. Не е јасно што се подразбира под навреда, па така дури и ако фрлите или стапнете на банкноти со слика од кралот, може да завршите во затвор.

Пиење алкохол

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Алкохолот е забранет во исламот, па затоа пред да одите во некоја муслиманска земја, најдобро е да ги проверите државните закони. Во Саудиска Арабија алкохолот е целосно забранет. Аеродромските проверки на багажот се многу строги со цел да ги спречат сите оние кои сакаат да внесат алкохол во државата. Освен тоа, нема да можете никаде да купите алкохолни пијалаци. Ако ве фатат како пиете, може да се соочите со долга затворска казна. Исто така, постојат строги ограничувања за консумирање алкохол во Иран, Арапските Емирати, Кувајт, Либија, Бангладеш, Судан, Јемен, Малдивите и некои делови од Индија.

Прочитајте ги и овие 12 работи кои треба да ги знаете кога ги посетувате егзотичните земји.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар