Работи што вашиот партнер никогаш не смее да ги побара од вас
Да дадете отказ
Вашиот партнер никогаш не смее да бара да се откажете од вашата финансиска независност против сопствена волја. Доколку сте работеле кога сте се запознале, вие сами треба да одлучите дали ќе го смените работното место или нема да работите воопшто.
Да поднесете барање за развод
Ако вашиот сопруг смета дека треба да го прекине бракот, не е фер да бара вие први да поднесете барање за развод. Тоа останува на него.
Да правите нешто што многу ве плаши
Секако дека вашиот партнер смее да предложи некоја страшна активност, но никогаш не смее да бара од вас да се соочите со вашите стравови, доколку не сте подготвени за тоа. Да речеме дека тој обожава да се вози на ролеркостер, меѓутоа тоа вас смртно ве плаши. Може да ви предложи да му се придружите, но ако одбиете, тој не смее да ве исмејува поради тоа што не сте сакале да пробате.
Да престанете да се дружите со вашата најдобра пријателка
Вашиот партнер не смее да побара од вас да го прекинете пријателството со вашето друштво само затоа што не му се допаѓа. Тој може да ви објасни зошто смета дека вашите пријатели не се добри за вас, но таа граница не смее да ја премине. Ова особено важи доколку пријателството постоело уште пред да ја започнете врската.
Да го криете неговиот проблем со некаква зависност
Никогаш не смеете да лажете за вашиот партнер и да ги криете неговите проблеми со алкохол дрога или коцкање. На овој начин вие немаа да им помогнете, туку само ќе ја влошите целата ситуација.
Да имате анален секс
Доколку сте одбиле некаков вид сексуална активност, без разлика за што станува збор, вашиот партнер не смее постојано да ви зборува за тоа. Тоа е знак дека тој не ве почитува вас и вашите желби, туку секогаш ги става сопствените сексуални потреби на прво место.
Да бирате помеѓу него и вашето семејство
Никогаш не смеете да бирате помеѓу вашиот партнер и вашето семејство. Ако вашиот партнер има некаков проблем со вашите најблиски кој никако не може да се реши, не треба да бирате страни. Доколку едната или и двете страни не сакаат да ги надминат несогласувањата, прифатете го тоа, но никогаш не жртвувајте една од тие врски за да ја зачувате другата.
Да го смените вашиот стил на облекување
Иако добро е да знаете што мисли вашиот партнер за вашиот изглед, крајниот избор е ваша одлука. Но, и вие треба да внимавате какви прашања поставувате. Прашањата од типот „Кој фустан ми стои подобро?“ и „Дали сум се здебелила?“ се рецепт за катастрофа и ваквите разговори најчесто завршуваат со караница.
Да пренесувате пораки до неговото семејство
Вашиот партнер никогаш не смее да бара од вас да пренесувате пораки во негово име. Вие не треба да ги решавате проблемите што постојат помеѓу него и неговото семејство. Нивните односи се нивна одговорност.
Да се однесувате како некоја друга личност
Вашиот партнер никогаш не смее да бара од вас да се претворите во нешто што не сте. Мора да останете доследни на себе и да го зачувате вашиот автентичен идентитет. Речениците како „Зошто не можеш да бидеш како неа?“ или „Таа не би го направила тоа“ се големи знаци на предупредување.
Да го прифатите неговото злоупотребување
Вашиот партнер никогаш не смее да бара да останете во нездрава врска полна со насилство. Ако тој не си ги исполнува своите обврски, не треба да ја очекува вашата љубов и лојалност. Понекогаш луѓето остануваат во врска само затоа што не сакаат да признаат неуспех. Но, вистинскиот неуспех се случува кога решавате да останете во врска што ве прави несреќни.
Доколку вашиот партнер побара да направите некои од овие работи, треба да знаете како да реагирате. Одбијте го без двоумење и останете доследни на вашиот став. Ако постојано му попуштате, тој ќе научи дека може да се однесува лошо со вас и подоцна многу тешко ќе можете да го промените неговото однесување. Покажете му ја вашата моќ и немојте да се изгубите себеси по ниедна цена!
Во продолжение прочитајте ги овие работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската.