Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?
11. Приближени стапала
Ако мажот ја стави раката на овој начин, тоа значи дека тој многу се грижи за девојката и дека сака да ја заштити. Во овој случај, тие одат многу блиску еден до друг што значи дека се фокусирани еден на друг и забораваат на сѐ друго. Ова се знаци на добро урамнотежена врска со меѓусебна грижа и разбирање.
12. Заштитник
Кога жената ја држи раката на партнерот на овој начин, тоа значи дека зависи од него и се чувствува заштитено. Мажот обично стои пред жената. Тој доминира во врската и покажува дека таа може да смета на него.
13. Алфа маж
Кога мажот, а понекогаш и жената, ги става стапалата горе, на тој начин покажува голема самодоверба. Моќните луѓе кои носат самостојни одлуки најчесто ја одбираат оваа положба. Тие не се грижат за мислењето на партнерот. Погледнете ја жената. Само горниот дел од трупот е приближен кон мажот. Нејзините раце и нозе се вкрстени, а тоа покажува дека таа се чувствува напнато. Не ѝ е пријатно до него.
Да погледнеме како изгледа сето ова преку примери од вистинскиот живот
Бракот на Доналд Трамп со Марла Мејплс траеше само 6 години, но беше многу страстен, полн со љубов и меѓусебна грижа. Нивните многубројни фотографии се добар пример за меѓусебна приврзаност и интерес. Парот се разведе во 1999 година како последица од недоразбирање што најверојатно било предизвикано од нивната разлика во годините.
Џони Деп и неговата поранешна сопруга Ванеса Парадис поминаа 14 години заедно. Погледнете како се потпираат еден на друг! Дури и во јавност нивните дланки се испреплетени, а телата им се свртени едно кон друго. Нивната поза покажува длабока меѓусебна грижа. За жал, нивниот брак заврши поради аферата на Деп со Амбер Херд. Но, и покрај разводот, тие останаа добри пријатели.
Во 2005 година, Трамп се ожени со Меланија Кнаус и нивната врска и приватен живот привлекоа големо медиумско внимание. Меѓутоа, експертите сметаат дека нивните пози на фотографиите се вештачки и лажни. На многу фотографии, Меланија делува многу нервозно, а Доналд честопати покажува посесивни гестикулации. Денес, многу ретко можеме да ги видиме како се држат за раце. Најчесто, Меланија ја одбегнува раката на Доналд во јавност.
Кратко по разводот, Деп се ожени со Амбер Херд, но можете да забележите колку се различни двете врски. Тие стојат оддалечени еден од друг, со празен простор помеѓу нив, а нивните допири делуваат многу вештачко. Нивната врска е демонстративна, а не искрена. Не е никакво чудо тоа што се разделија по само една година, предизвикувајќи голем скандал.
Како што можете да видите, суптилните знаци на говорот на телото зборуваат погласно од зборовите. Дали се препознавте себеси во некои од овие положби? Погледнете ги вашите фотографии и дознајте кој говор на телото е типичен за вас и вашиот партнер.
За да дознаете нешто повеќе на оваа тема, прочитајте како е љубовта дешифрирана преку говорот на телото.